Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Аутомакедонија со донација на енергетски ефикасна фасада за ООУ „Стив Наумов“ во населбата Автокоманда

29 авг. 2023 г.·3 мин читање·2089 прегледи

Следете не на Viber

Аутомакедонија, една од водечките компании за услуги поврзани со мобилетот и еден од најголемите дистрибутери на автомобили во Македонија, направи уште една донација со која ја зацврстува титулата на општествено одговорна компанија.

По своја иницијатива и темелно планирање на овој проект од страна на Аутомакедонија, основното училиште Стив Наумов во Автокоманда доби нова енергетски ефикасна фасада. На веќе постоечки ѕид е додадена изолација која ја зголемува топлотната изолација со што се добива енергетска заштеда.

„Истражувајќи ги потребите на училиштата во нашата општина, дојдовме до идејата за обнова на фасадата во ООУ „Стив Наумов“. Во договор со општината во која се наоѓа нашиот објект – Автокоманда, заеднички го избравме основното училиште „Стив Наумов“. Примопредавањето на фасадата го усогласивме со почетокот на училишната година, а ќе го продолжиме со уште еден мурал кој ќе биде избран преку ликовен конкурс со цртежи од учениците.“ – изјави Гордица Штерјева, заменик директор на Аутомакедонија.

„Како градоначалник на општина Гази Баба изразувам благодарност до компанијата Аутомакедонија за покажаната општествена одговорност преку донацијата на изградбата на енергетски – ефикасната фасада на општинското основно училиште Стив Наумов во Автокоманда. Како локална самоуправа негуваме партнерски однос со компаниите кои функционираат на нашата територија. Наша обврска како локална самоуправа е да изнаоѓаме различни начини на финансирање со цел реализација на што повеќе проекти. “ – изјави градоначалникот на Гази Баба – Бобан Стефковски.

Со сите чекори за обнова на фасадата објектот добива минимално 20% зголемена енергетска ефикасност, што воедно ќе придонесе и за намалување на вкупните трошоци за енергија на училиштето.

Реновирањето на оваа фасада е само еден дел од активностите кои Аутомакедонија како општествено одговорна компанија ги спроведува во рамки на својата стратешка определба за поддршка на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија.

ПР Објава

Клучни зборови

  • Аутомакедонија
  • донација
  • ООУ „Стив Наумов“
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk