Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоЛичен Развој

АТАНАС МАНУШЕВ ОД ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ ја доби наградата за најдобар банкарски службеник за 2025 година

6 ное. 2025 г.·2 мин читање·3770 прегледи

Следете не на Viber

По повод светскиот ден на штедење 31. октомври, од страна на Македонската банкарска асоцијација, беа доделени признанија за постигнати особени резултати во работата на службениците номинирани од банките, штедилниците, Клириншката куќа КИБС и Македонското кредитно биро.

Штедилница Фулм за 2025 година го одбра Атанас Манушев за најдобар банкарски службеник.

Од Фулм велат дека тој е повеќе од колега –  тој е дел од историјата на Штедилница Фулм. Како прв вработен, веќе 26 години е сведок на растот и трансформацијата на институцијата, од нејзините почетоци до денешниот успешен модел на работење. Неговата приказна е приказна за посветеност, труд и верба во заедничка мисија.

„Да се биде најдобар значи секој ден да се вложуваш со срце – кон клиентите, кон колегите и кон работата,“ вели Атанас. Токму така, со тивка упорност, чувство за одговорност, тој остави трага која ќе се памети, додаваат од Фулм.

Оваа година, Атанас заминува во заслужена пензија, носејќи со себе безброј спомени, искуства и пријателства создадени низ годините.

„Неговата награда е признание не само за професионалниот успех, туку и за човечката топлина и примерот што им го остава на сите нас. Со голема благодарност, Атанас несебично го споделува своето знаење и искуство со својот наследник, осигурувајќи дека духот и вредностите на Штедилница Фулм ќе продолжат да живеат и во иднина“, велат од Фулм за порталот Пари.

Катерина Михајлова

Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

Клучни зборови

  • Атанас Манушев
  • Македонска банкарска асоцијација
  • Најдобар банкарски службеник
  • Штедилница ФУЛМ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk