Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

АСОМ: Документацијата потврдува местенка, ниедна членка нема да учествува на незаконски тендер

5 окт. 2023 г.·3 мин читање·825 прегледи

Следете не на Viber

АСОМНиту една членка на АСОМ нема да учествува на тендерот кој е незаконски и дискриминаторски за домашните компании, дециден е претседателот на Асоцијацијата на спортски обложувалници, Васко Илијевски. Нивното барање е непроменето, да се поништи владината одлука за започнување постапка за формирање три нови друштва за приредување игри на среќа преку интернет. Прес-конференција одржаа пред Владата, а причина за тоа е неодамнешното соопштение на Државната лотарија на Македонија, преку кое, тврдат, погрешно се информира јавноста, односно претставува класична манипулација.

„Во објавата на Државна лотарија на Македонија беше информирано дека тендерската документација по јавниот повик за избор на правни лица за доделување на договор за приредување на интернет игри на среќа подигнале повеќе од десеттина компании, од кои половината се друштва за приредување на игри на среќа со седиште во Република Македонија. Сето тоа го претставија како спроведување на транспарентна и законски издржана постапка, што всушност претставува класична манипулација“, посочи Илијевски.

Притоа појасни дека тендерската документација е подигната од страна на домашните компании само за да се провери нејзината содржина.

„Подигнувањето на тендерската документација ги потврди нашите убедувања дека станува збор за наместен јавен повик за однапред договорени странски компании“, изјави Илијевски.

Од АСОМ бараат да се донесат подзаконските акти, кои ќе им овозможат на домашните компании да приредуваат интернет игри на среќа. На тој начин пазарот реално би се либерализирал, а сите засегнати страни ќе се вклучато во креирањето на одлуките поврзани со дејноста.

Доколку Владата не одговори на барањата, ќе се организираат масовни протести.

Илиевски рече дека има информација, според која, на собраниската Комисија за европски прашања ќе се направи обид за насила да се донесе новиот предлог закон за игри на среќа, кој би значел крај на легалната индустрија на игри на среќа.

„Нема да стоиме мирно и да гледаме како Владата врши упад во бизнисот на игри на среќа и свесно става клуч на врата на легална индустрија, која во Буџетот на годишно ниво придонесува со повеќе од 280 милиони евра, вработува 10 илјади директно вработени, а повеќе од 54 илјади индиректни вработувања зависат од работењето на дејноста“, наведе претседателот на АСОМ.

Измените на Законот за игри на среќа предвидуваат оддалечување на обложувалниците и казината на најмалку 500 метри од училиштата, како и позаострени критериуми за издавање лиценци за приредување игри на среќа.

Инаку, спорните законски измени повеќе од една година се во Собранието.

 

 

Клучни зборови

  • АСОМ
  • Асоцијација на спортски обложувалници
  • спортски обложувалници
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk