Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

ОсигурувањеФинансии

АСО: За пет месеци наплатени 5,3 милиони евра од здравственото осигурување

19 јун. 2024 г.·2 мин читање·544 прегледи

Следете не на Viber

За пет месеци, преку полисите за приватно здравствено осигурување граѓаните наплатиле 324,4 милиони денари или 5,3 милиони евра од осигурителните компани. Вредноста на исплатените штети е за 28,5 проценти повисока во споредба со истиот лански период, покажуваат податоците со кои располага Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), доставени од осигурителите.

Осигурителните компании годинава исплатиле 1,2 милиони евра повеќе за медицински трошоци покриени со осигурување во однос на споредбениот период. Во зависност од видот на осигурување, премијата и осигурените суми осигурениците добиваат покритија за трошоци направени за приватни прегледи, испитувања, снимања и операции. Приватното здравствено осигурување е најпопуларен осигурителен продукт меѓу другото и затоа што се поголем број на компании го користат во нивните политики за привлекување работници, а воедно и за лојалност за вработените, информираат од АСО.

Во првите пет месеци вредноста на исплатените штети за сите класи неживотно осигурување изнесува 1,95 милијарди денари (31,7 мил.евра). Во однос на истиот период во 2023, вредноста на штетите што ги исплатиле компаниите за осигурување е повисока за речиси два милиони евра, за околу седум насто.

Според АСО, процентуално највисок раст на исплатените средства за штети покриени со осигурување има кај патничкото осигурување. За првите пет месеци осигурителите за изгубен багаж, медицински трошоци при патување во странство и други штети покриени со тоа осигурување исплатиле 42,9 милиони денари (700.000 евра). Тоа е за 40 насто повеќе од истиот период лани.

По приватното здравствено осигурување, од сите доброволни класи, најголема исплата на штети има за каско осигурени возила. За пет месеци нивните сопственици од пријавени штети наплатиле 303,5 милиони денари (4,9 милиони евра). И тоа е за 26 насто повеќе од претходната година.

Во најголемата осигурителна класа, која воедно е и законски задолжителна – автомобилската одговорност, исплатени се 998,4 милиони денари (16,2 милиони евра), што е малку повеќе од половина од вкупно исплатените средства за штети покриени со осигурување.

Во првите пет месеци годинава, 11 осигурителни компании за неживотни осигурувања исплатиле над 58.400 штети на осигуреници.

Клучни зборови

  • АСО
  • исплатени штети
  • осигурителни компании
  • осигурување
  • приватно здравствено осигурување
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk