Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

ОсигурувањеФинансии

АСО за ноември: Осигуренците наплатиле 9 милиони евра, највисоката отштета 900.000 евра за осигурен имот

18 дек. 2023 г.·3 мин читање·662 прегледи

Следете не на Viber

Граѓани, компании и институции наплатија 550 милиони денари, односно девет милиони евра за штети покриени со неживотно осигурување во ноември годинава. Во споредба со октомври вредноста на исплатените штети покриени со неживотни осигурувања е зголемена за 45 насто, покажува споредбата на прелиминарните податоци што до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги доставуваат сите компании за осигурување.

Во однос на истиот месец минатата година вредноста на исплатените штети е зголемена за 10 насто.

Од сите доброволни осигурувања најголемо учество во исплатите за ноември имаат штети на осигурен имот. Осигурителните компании исплатиле 132,3 милиони денари (2,15 милиони евра), а исплатени се вкупно 710 штети. Најголемата меѓу нив е со вредност од 56 милиони денари (900.000 евра) која една осигурителна компанија ја исплатила како обештетување за настанат пожар во објект на компанија.

За возила со каско осигурување осигурителните компании во ноември исплатиле 790 штети во вкупна вредност од 72,3 милиони денари (1,17 милиони евра). Тоа е за 28 насто повеќе исплатени средства за штети во таа класа осигурување во споредба со истиот месец лани.

Најголем број штети осигурителните друштва исплатиле по основ за приватно здравствено осигурување. Во ноември биле исплатени 6.773 оштетни побарувања за здравствено осигурување што е 54 отсто од сите исплатени штети во тој месец. За покривање на мецински трошоци во ноември се исплатени 66,6 милиони денари (1,08 милиони евра) и тоа е за 29 насто поголем износ на исплати од истиот месец претходната година.

Кај најголемата класа – осигурување од автомобилска одговорност, која е задолжителна со закон, во ноември се исплатени 225,8 милиони денари (3,67 милиони евра). Во овој месец сите 11 компании за осигурување штети сервисирале и ликвидирале 2.845 пријави за обештетување покриени со осигурување.

Во структурата на вкупно исплатени штети во ноември „Кроација осигурување – неживот“ учествува со 16,8 отсто, „Еуролинк“ со 9 отсто, „Евроинс осигурување“ со 6,6 отсто, „Граве неживот“ со 5,7 отсто, а „Македонија осигурување ВИГ“ со 11 отсто. Учеството на „Сава осигурување во вкупната исплата за ноември е 10 отсто, на „Триглав осигурување“ е 8,9 отсто, а на „Уника“ е 9,7 отсто. „Винер – ВИГ“ учествува со 11,4 отсто, „Осигурителна полиса“ со 4,9 отсто и „Халк осигурување“ со 6%.

Од почеток на јануари до крај на ноември годинава сите 11 компании за неживотни осигурувања на осигуреници им исплатиле 3,9 милијарди денари (63,5 милиони евра).

Клучни зборови

  • АСО
  • исплатени штети во ноември
  • неживотно осигурување
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk