Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

АСО УЧЕСТВУВАШЕ НА КОНФЕРЕНЦИЈА НА РЕГУЛАТОРНИ ТЕЛА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ на државите од централна, источна и југоисточна Европа

4 мар. 2025 г.·1 мин читање·1010 прегледи

Следете не на Viber

По 23. пат се одржува Конференција на регулаторни тела за супервизија на осигурување на државите од централна, источна и југоисточна Европа (CESEE ISI) каде што учествуваа претставници на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Конференцијата претставуваше одлична можност за размена на искуства и знаења за актуелни теми од областа на осигурувањето со особени акценти на: предизвиците со примената на меѓународниот сметководствен стандард ИФРС 17 (IFRS 17), процесот ОРСА (ORSA) и принципите за основаност на вложувањата во крипто валути.

Претседателката Ели Дракуловска, членовите на Советот на експерти Александра Дранговска и Горан Здравковски и координаторката на Стручната служба за супервизија Маја Парнарџиева – Змејкова учествуваа на конференцијата и остварија и билатерални средби за унапредување и продлабочување на соработката со претставници на супервизорските органи на земји од нашиот регион.

Конференцијата, во организација на Централната банка на Унгарија (Magyar Nemzeti Bank), се одржа на 26 и 27 февруари годинава во Будимпешта.

Клучни зборови

  • Агенција за супервизија на осигурување АСО|осигурување
  • конференција
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk