Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Осигурување

АСО: Лекување, патување, каско… исплатени 5,1 милион евра за неживотни осигурувања

21 сеп. 2023 г.·2 мин читање·1308 прегледи

Следете не на Viber

Oсигурителните компании во август за неживотни осигурувања надоместиле повеќе од 9.800 штети со вкупна исплата на 312,5 милиони денари или 5,1 милион евра. Со тоа, осигурениците наплатиле 22 насто повеќе – 57,3 милиони денари (над 930 илјади евра) во споредба со истиот месец лани, покажуваат прелиминарните податоци кои до Агенцијата за супервизија на осигурување ги доставиле сите 11 компании за неживотно осигурување.

Добар дел од исплатата е за медицински трошоци. Од штетите покриени со каско осигурување сопственици на моторни возила наплатиле над еден милиони евра. Повеќе од 500 лица, пак, добиле обештетување од 100.000 евра за штети од доменот на патничкото осигурување за патување во странство.

Во август најголем раст е забележан кај каско осигурувањето на моторни возила и кај приватното здравствено осигурување. Тоа, во однос на состојбата од пред една година.

За осигурени штети покриени со каско осигурување сопствениците на моторни возила наплатиле 63,4 милиони денари, односно 1,03 милиони евра. Што претставува натфрлување од 58 насто.

За медицински трошоци опфатени со приватното здравствено осигурување во август на осигурениците им биле исплатени 45,1 милион денари или повеќе од 733 илјади евра. Зголемувањето во овој сегмент е за 56 проценти.

Од штетите врз осигуран имот осигурениците наплатиле 21,2 милиони денари/345 илјади евра.

Патничкото осигурување кое покрива штети при летување во странство на осигурениците им донело исплата од 6,3 милиони денари или над 100 илјади евра, што е за 17 проценти повеќе од ланскиот август.

Најголем износ на исплатени штети има кај законски задолжителното осигурување од автомобилска одговорност, кое е и најголема осигурителна класа. Во август се исплатени 153,8 милиони денари, односно 2,5 милиони евра – за 17 насто повеќе од лани.

Во вкупниот износ на исплатени штети во август „Уника“ учествува со 12 отсто, „Триглав осигурување“ со 12,7, „Винер ВИГ“ со 11, „Сава осигурување“ со 13,8 отсто и „Осигурителна полиса“ со 5,9 проенти. Понатаму, уделот на „АДОР Македонија ВИГ“ е 8,7 отсто, на „Евроинс осигурување“ – 4,4, „Еуролинк“ – 10,4, „Кроација осигурување – неживот“ – 10,9, „Халк осигурување“ – 8,4 и „Граве неживот“ – 1,8 проценти.

 

Клучни зборови

  • Агенција за супервизија на осигурување АСО|осигурување
  • АСО
  • неживотно осигурување
  • осигурување
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk