Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БерзаБизнис

„Ас Сењак“ на Селаудин Арифи ги зацврсти позициите во „Европа“

4 апр. 2025 г.·3 мин читање·8453 прегледи

Следете не на Viber

„Ас Сењак“ во сопственост на Селаудин Арифи го зголеми уделот во скопска „Европа“. Со ново купените 2.800 обични акции поседува 19,15 проценти од вкупно издадените.

„Согласно член 38 став 2 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје известуваме дека акционерот Друштво за трговија, производство и услуги Ас Сењак увоз-извоз Селаудин Арифи ДООЕЛ Кичево се стекна со 2800 акции и сега поседува 48935 акции односно 19,15% од вкупниот број обични акции издадени од АД Европа Скопје“, пишува во известувањето што неодамна од компанијата го споделија преку Македонска берза.

Поединецот Арифи ретко се јавува како акционер. Тоа беше во случајот на „Жито Караорман“ кога го купи мнозинскиот пакет, по што даде понуда за откуп и потоа стана сопственик на мелничко-пекарската фирм. Затоа, акционер најчесто бил или е „Ас Сењак“ („Европа“, Стопанска банка Битола, „Жито Полог“ Тетово, ЗК „Пелагонија“…).

Во „Европа“ неговата фирма е присутна од 2013 година, кога ги купил првите 46.005 акции. Со тогаш платените 1,88 милиони евра обезбедил 18 проценти од акциите и се вброи меѓу најголемите акционери на кондиторската индустрија, покрај „Фершпед“ и „Макошпед“.

Друштвото за трговија, производство и услуги Ас Сењак увоз-извоз Селаудин Арифи ДООЕЛ Кичево има дејност – неспецијализирана трговија на големо со храна, пијалаци и тутун. Поседува и Б лиценца за градење објекти, добиена од Министерството за транспорт и врски. Во 2023 година (за 2024 сѐ уште нема податоци), според податоците од БизнисМрежа, фирмата во која тогаш работеле 27 лица, имала вкупни приходи од 5,2 милиони евра и добивка од 897 илјади евра. Речиси двојно повеќе во споредба со 2022 година.

Во годините наназад „Ас Сењак“, која сега е со блокирана сметка, постојано беше меѓу фирмите со најдобри понуди и ги добиваше тендерите, пред сѐ од Општина Кичево, но и од општинските власти во Прилеп, Македонски Брод… Или, за десет години од 13 мај 2014 па сѐ до трети мај 2024 има склучено 74 договори во вкупна вредност од 734.007.212 денари. Или, безмалку 12 милиони евра. Оваа фирма, исто така беше и на донаторскиот список на ДУИ, а со Али Ахмети се поврзани и по сватовска линија.

Арифи е неизвршен член во Одборот на директори на „Европа“. Во составот се извршната директорка Марина Симоноски, Наташа Милева во функција на претседател, косовскиот бизнисмен и еден од големите акционери, Есамедин Хасани, и генералниот дирекор на „Фершпед“, Драган Наков.

Клучни зборови

  • АД Европа-Скопје
  • АС Сењак
  • Македонска берза
  • Селаудин Арифи
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk