Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Apple планира да префрли 20% од своето производство од Кина во Индија?

12 мај 2020 г.·2 мин читање·498 прегледи

Следете не на Viber

Според сé погласните шпекулациите кои се појавија во последните два дена, американскиот технолошки гигант Apple планира да префрли една петтина од своите производствени капацитети од Кина во Индија. Веста сепак не е сé уште официјално потврдена од страна на компанијата.

Како поттик за ваквата одлука се споменуваат новите поволни мерки кои владата на Индија ги понуди на компаниите со цел да се поттикне локалното производство во државата.

Моментално, Apple има прозводствени договори со тајванските компании Foxconn и Wistron, чии фабрики всушност се ноаѓаат во Кина, за производство на смартфони и други уреди. Foxconn стана позната на светската јавноста по лошите работни услови во својата огромна фабрика во Шенџен, Кина. Исто така е интересно е да се истакне дека кон крајот на март годинава, Wistron најави дека планира да пренесе 50% од своето производство надвор од Кина до 2021 година.

Шпекулациите велат дека Apple ќе ги искористи истите две контракторски компании да почнат да произведуваат смартфони во Индија во вредност до 40 милијарди долари, главно за извозни цели. Apple досега држеше мал удел во пазарот на производство на смартфони во Индија, произведувајќи ги таму само моделите iPhone 7 и iPhone XR, а претходно моделите iPhone SE и iPhone 6S.

Што се однесува до локалната продажба на уреди, таа главно се остварува преку препородавачи, бидејќи Apple нема свои официјални продавници во државата. Сепак, во последниот квартал, уделот на Apple во продажбата на премиум смартфони во Индија достигна 62.7%. Во таа насока, генералниот извршен директор на компанијата, Тим Кук, во февруари годинава истакна дека очекува првата официјална Apple продавница во Индија да биде отворена во 2021 година.

Клучни зборови

  • Apple
  • iPhone
  • индија
  • контракторски компании
  • производство
  • статистика
  • фабрики
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk