Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

2 истраги против Епл за евентуално кршење на правилата за фер конкуренција

17 јун. 2020 г.·3 мин читање·213 прегледи

Следете не на Viber

Европската комисија отвори две истраги за деловната пракса на Епл заради можно прекршување на правилата за фер конкуренција. Истрагите се однесуваат на услугата за мобилни плаќања на Епл : Епл Пеј (Apple Pay) и Епл Стор (App Store).

Во фокусот на истрагите се ставени праксите со кои Епл употребата на своите сервиси ја прави задолжителна при купувањето, на пример, во рамките на мобилните апликации и за ограничувањата што ги ставаат за програмерите и корисниците кога станува збор за користењето на конкурентните платежни системи.

Кога станува збор за услугата за плаќање „Епл Пеј“, ЕК е загрижена за ограничувањето на пристапот до NFC технологијата на мобилни уреди и за чија употреба ексклузивното право на уредите на Ајфон (iPhone) му припаѓа на мобилниот систем за плаќање на Епл.

ЕК има намера да испита дали Епл со овој пристап кон своите технологии незаконски ја поткопува конкуренцијата, кога станува збор за плаќањата за мобилни телефони.

Во областа на мобилните апликации, ЕК ќе испита до кој степен праксата е во согласност со европските правила за конкурентност на пазарот, да може да се инсталираат само оригинални апликации на уредите Епл, што  повторно го вклучува само системот на Епл, таканаречното „ин-ап“ купување, од кое Епл зема провизија од 30 проценти за секоја трансакција.

Покрај тоа, добро е позната праксата на Епл да не ги известува корисниците дека одредени претплати, на пример за аудио услуги или е-книги, можат да се купуваат и надвор од нивните апликации. Со тоа, програмерите за развој на апликациите се спречени да ги известат своите корисници за алтернативните начини на купување.

Истрагата е покрената по извештајот на „Спотифај“ (Spotify) и еден дистрибутер на е-книги, а се претпоставува дека станува збор за Амазон, се наведува во информацијата.

Доколку истражителите на ЕК докажат дека Епл ја користи својата монополска позиција и им обезбедува услуги на корисниците во рамките на Европската економска област (ЕЕА) нарушувајќи ја конкуренцијата, тие се соочуваат со парична казна до 10 проценти од нивните вкупни годишни приходи.

Според најновите податоци, тоа би можело да достигне и до 23 милијарди евра, со обврска да ја сменат и деловната политика за која е утврдено дека не е во согласност со регулативите на ЕУ.

Погледнете ја листата на Топ 100 најголеми работодавачи за 2019-та година.

Дознај кои се 100-те најголеми компании по приходи во Македонија,  –> [ топ 100 најголеми ]

Клучни зборови

  • Apple
  • nfc
  • аудио услуги
  • е-книги
  • епл
  • казни
  • конкуреција
  • мобилен систем
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk