Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Анкета на ОЕЦД: Народната банка со највисока доверба во регионот

20 сеп. 2021 г.·2 мин читање·3498 прегледи

Следете не на Viber

Во  Македонија, повеќе од каде било во регионот, граѓаните имаат доверба во централната банка како институција којашто овозможува финансиска едукација.

Ова беше истакнато на работилницата организирана со Меѓународната мрежа за финансиска едукација при Организацијата за економска соработка и развој (ИНФЕ-ОЕЦД).

Констатацијата се темели на резултатите од најновата анкета за финансиската писменост на возрасното население во Југоисточна Европа, спроведена од ОЕЦД. Тие, меѓу другото, покажуваат дека според одговорите на локалното население во однос на довербата кон институциите коишто вложуваат во финансиската писменост, Народната банка се издвојува како водечка меѓу сите централни банки од регионот, објави Народна банка, објави Народна банка на својата Фејсбук страница.

Според ОЕЦД, на земјава треба да ѝ се честита за усвојувањето на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија и на Кодексот на добри практики за финансиска едукација.

– ОЕЦД со задоволство го поддржа развојот на овие важни иницијативи, коишто сведочат за долгорочната посветеност кон финансиската едукација и финансиската вклученост на сите национални засегнати страни, а особено на Народната банка, е нагласено на настанот.

Ваквите оцени се потврда за досегашните залагања, но и дополнителен поттик да продолжиме со залагањата – за успешно спроведување на националната Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија. Како и секогаш, Народната банка ќе го вложува својот максимум, додава Народна банка во објавата на Фејсбук.

Клучни зборови

  • Народна банка
  • оецд
  • ОЕЦД-ИНФЕ
  • финансиска едукација
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk