Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Средба на гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска, со францускиот амбасадор, Сирил Бомгартнер

21 дек. 2020 г.·2 мин читање·911 прегледи

Следете не на Viber

Поддршка за професионалноста на Народната банка и постигнатите резултати во справувањето со кризата

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, оствари средба со францускиот амбасадор, Сирил Бомгартнер, кој неодамна стапи на должност во нашата земја. На средбата учествуваше и регионалната економска советничка, Флоранс Добел. Соговорниците разговараа за тековната макроекономска состојба и предизвиците коишто ги наметна корона-кризата. Францускиот амбасадор, нагласувајќи ја улогата на централните банки во секоја економија, особено во кризни времиња, ја истакна поддршката за активностите и мерките преземени од страна на нашата централна банка во справувањето со последиците од кризата, како и од високо професионалниот пристап кон предизвиците на новото време, притоа успешно остварувајќи ги поставените цели.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска ги образложи последните макроекономски движења, најновите макроекономски проекции, како и состојбите во банкарскиот систем. Притоа, посебно се осврна на преземените мерки и нивните ефекти, олабавувањето на монетарната политика, перформансите на банкарскиот систем, како и специфичностите на оваа криза во однос на други кризни периоди, коишто наметнаа и потреба од зајакната комуникација со јавноста. Посебно беше истакната соработката со меѓународните финансиски институции, како и со европските институции, вклучително и Европската централна банка, не само во однос на укажаната поддршка во справувањето со корона-кризата, туку и во однос на спроведувањето на тековните реформски проекти.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска и францускиот амбасадор Бомгартнер изразија заложба за продолжување и продлабочување на соработката во иднина.

Клучни зборови

  • нита Ангеловска-Бежоска
  • Сирил Бомгартнер
  • средба
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk