Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Бранимир Јовановиќ: Нина Ангеловска не смеела да го повлекува депозитот доколку знаела за Еуростандард.

16 авг. 2020 г.·3 мин читање·91 прегледи

Следете не на Viber

Бранимир Јовановиќ

Бранимир Јовановиќ, поранешниот советник на екс-министерот за финансии Драган Тевдовски, објави свој статус на фејсбук за случајот со одземањето на лиценцата за работа на Еуростандард, во кој тврди дека Нина Ангеловска, доколку знаела дека на банката и следува затворање, требало да даде „лична жртва“, односно да сочувствува со широките граѓански маси и да не го повлекува депозитот.

Министерката за финансии претходно демантираше дека нема никаква поврзаност, дека знаела дека и престои стечај на Еуростандард банка, а  дека таа одамна ги испразнила сметките во таа банка

Според анкетните листови на Комисијата за пречување на корупција, таа поголемиот дел го повлекла во јануари, а во јуни ги повлекла и преостанатите 100.000 евра на два месеци пред одлуката на Народна банка.

„Не знам дали Министерката за финансии знаеле дека банката ќе оди во стечај кога ги повлекла парите. Не имплицирам дека знаела, си има државни органи кои треба да утврдат дали е така.

Но, доколку знаела, не смеела да го направи тоа. Не само таа, туку било кој друг државен функционер. Тоа е искористување на службената положба за остварување на личен интерес, што е дефиниција за корупција.

И ова не го кажувам за да ја нападнам Министерката. Такво нешто на крајот на нејзиниот мандат е апсолутно бескорисно.

Ова го кажувам за сите нови функционери, кои ќе бидат именувани со новата Влада, да бидат свесни за ова и да внимаваат на своето однесување.

Да, доколку „обичен“ граѓанин дознае дека некоја банка ќе се затвори, тој има легитимно право да се обиде да ги повлече парите од банката.

Но не и државните функционери. Штом ќе стапат на државна функција тие веќе не се „обични“ граѓани. Тие се слуги на народот, тие се јавни службеници и не можат да се однесуваат како и „обичните“ граѓани. Тие мора да бидат спремни да направат лична жртва во интерес на јавното добро.

Тоа е цената на јавната функција – да го ставиш личниот интерес на страна и да работиш за другите, а не за себе.

И секој што не го сфаќа ова, не е за државна функција. Државните функции се за луѓе кои се спремни да му служат на јавниот интерес, да работат за општото добро, да се жртвуваат за државата, а не за луѓе кои гледаат како да остварат лична корист од секоја ситуација“, коментира Јовановиќ.

Клучни зборови

  • Бранимир Јовановиќ
  • депозит
  • Еуростандард банка АД Скопје
  • Нина Ангеловска
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk