Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Ангеловска-Бежоска: Со платежната сметка за основни функции – минимален надомест за поголем пакет услуги

18 дек. 2023 г.·2 мин читање·892 прегледи

Следете не на Viber

Со новата регулатива во сферата на платежните услуги се воведуваат одредени ограничувања за надоместоците што ги наплаќаат банките, заради заштита на потрошувачите. За месечен надоместок од 34 денари, или 0,1% од просекот во изминатите 12 месеци од просечната исплатена нето-плата во земјата, граѓаните кои ќе отворат платежна сметка со основни функции можат да користат голем број платежни услуги, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за „Слободен Печат“ и дополнува дека оваа сметка, заедно со услугите што ги нуди, се бесплатни за дел од социјално ранливите категории.

Гувернерката истакнува дека со новиот Закон за платежни услуги и платни системи, покрај со регулаторни ограничувања за надоместоците, се придонесува за намалување на трошоците на граѓаните за платежни услуги преку отворање на пазарот за нови даватели на платежни услуги, покрај банките. „Се оди кон конкурентен притисок за поопшто намалување на надоместоците коишто се наплатуваат за платежните услуги“, истакнува гувернерката и додава дека на веб-страницата на Народната банка веќе е достапна алатка со која граѓаните можат да ги споредат надоместоците за 11 платежни услуги коишто најчесто ги користат граѓаните, за да можат точно да знаат која банка нуди најниска цена.

Гувернерката посочува дека во моментов, во соработка со другите финансиски регулатори, се подготвува и нова регулатива за финансиски омбудсман, односно посебна институција којашто директно би била задолжена за постапување во врска со поплаките на граѓаните, независно од кој финансиски сегмент доаѓаат. „Овој проект сѐ уште е во тек, но ова јасно покажува дека граѓаните и нивниот интерес се најважни во работењето на централната банка“, вели таа.

Клучни зборови

  • Ангеловска-Бежоска
  • платежна сметка
  • платежни услуги
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk