Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Ангеловска-Бежоска – Радев: Добра соработка и размена на искуства меѓу народните банки на Македонија и Бугарија

15 јул. 2024 г.·2 мин читање·475 прегледи

Следете не на Viber

Актуелните прашања за економската состојба во Европската унија, како и економските предизвици со кои се соочуваат земјите од регионот во однос на задржувањето на ценовната и финансиската стабилност беа главните теми на разговорот помеѓу гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска и гувернерот на Бугарската народна банка, Димитар Радев, кои остварија средба во рамките на работната посета на гувернерката на Република Бугарија.

На средбата помеѓу двајцата гувернери беше заклучено дека банкарските системи и на двете земји покажуваат солидни остварувања и релативно висока отпорност на надворешните шокови во изминатиот период на кризи. Гувернерите истакнаа дека сегашната поставеност на монетарната политика е соодветна, но неопходно е натамошно внимателно следење на инфлациските движења.

На средбата, двајцата гувернери истакнаа дека задржувањето на професионалноста и независноста на централните банки е од исклучителна важност за задржувањето на ценовната и финансиската стабилност на земјите.

Ангеловска-Бежоска и Радев изразија стремеж за продлабочување на досегашната соработка и во натамошниот период, како и за размена на искуства и знаења за предизвиците со кои се соочуваат централните банки, во околности на неизвесно макроекономско окружување со нагласени геополитички ризици.

Клучни зборови

  • Анита Ангеловска-Бежоска
  • Бугарска народна банка
  • Народна банка
  • нбрсм
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk