Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Ангеловска-Бежоска на Универзитетот Ворвик: Со реформи кај човечкиот капитал, инвестициите и институциите – до побрза конвергенција кон ЕУ

5 фев. 2024 г.·3 мин читање·841 прегледи

Следете не на Viber

Гувернерката Ангеловска Бежоска учествуваше на панел-дискусија на дваесет и второто издание на престижниот Mеѓународен економски самит Ворвик 2024, којшто се одржува на истоимениот универзитет во Обединетото Кралство. На панел-дискусијата на тема „Навигација на монетарната политика: Гледишта од централните банки ширум светот“, покрај гувернерката, учествуваше и гувернерот на централната банка на Хрватска, Борис Вујчиќ, гувернерот на централната банка на Маурициус, Харвеш Кумар Сеголам, поранешната гувернерка на централната банка на Малезија, Нор Шамсија Мод Јунус, како и поранешниот член на Комитетот за монетарна политика на Банката на Англија и истакнат професор Чарлс Гудхарт, а со панел-дискусијата претседаваше шефот на Канцеларијата на „Фајненшел тајмс“ во Франкфурт, Мартин Арнолд. Гувернерката се сретна и со студенти од Универзитетот Ворвик во рамките на настанот „Средби на студенти со лидери“.

„Забрзувањето на конвергенцијата ќе зависи од структурните реформи поврзани со човечкиот капитал, инвестициите и институциите, но и од технолошките, климатските и од геополитичките состојби“, порача гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, говорејќи на панел-дискусијата. Конвергенцијата на македонската економија во последните неколку години заостанува, поради повеќе фактори, на нивото од 40% од доходот во Европската Унија (ЕУ), што е слично со другите економии на Западен Балкан. Под претпоставка дека македонската економија ќе расте со просечна стапка на раст на БДП од 5%, а економијата на ЕУ со стапка од 3%, ќе ни бидат потребни 40 години за да го достигнеме нивото на приходите на ЕУ.

Неколкуте кризи коишто се случија изминатите години неповолно се одразија врз растот и конверегенцијата. „Во согласност со анализите направени во Народната банка за периодот 2020 −2024 година се проценува дека растот на македонската економија е помал за околу 10 процентни поени (п.п.), во споредба со проекциите пред пандемијата, додека конвергенцијата којашто би се остварила во отсуство на кризи би била повисока за околу 5 п.п. од сегашната“, посочи гувернерката. Таа истакна дека сепак, бавната конвергенција не може да се објасни само со неодамнешните шокови, бидејќи забавување има уште пред пандемијата. Тоа се должи на циклични и на структурни фактори, имајќи предвид дека потенцијалот за раст на регионот во последните две децении е преполовен од околу 5% на 2,5%, додека на земјава од 3,1% на 2,3%, во споредба со ЕУ каде што е од 2,9% до 1,8%.

Ангеловска-Бежоска наведува дека забавувањето на потенцијалниот и реалниот раст во регионот се должи на забавувањето на вкупната продуктивност на факторите на производство, односно помал раст заснован на технологија и иновации (околу половина од просекот на ЕУ), но и на факторот труд, каде што неповолните демографски движења и миграцијата доведоа до намалување на работоспособното население (65%, во споредба со 70% во 2010 година). Гувернерката го подвлече и значењето на факторот капитал и упати дека и покрај тоа што се забележува забрзан раст на инвестициите, сепак тие сѐ уште се ниски. Натамошната динамика на конвергенцијата ќе зависи од интензитетот на структурните реформи, но и од надворешното окружување, а особено од ризикот на геоекономска фрагментација.

Клучни зборови

  • Анита Ангеловска-Бежоска
  • монетарна политика
  • Универзитет Ворвик
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk