Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Ангеловска-Бежоска од грчкиот бизнис форум: Кредитите растат со стапка од околу 6 проценти

24 јун. 2021 г.·2 мин читање·1345 прегледи

Следете не на Viber

Ефектите од стимулативната монетарна политика се видливи на кредитниот пазар. Запирање на кредитните текови во текот на минатата и оваа година немаше – кредитната активност расте со темпо кое е слично на преткризното. Минатата година и во првите месеци од оваа година, кредитите растат со стапка од околу 6%. Впрочем, минатата година, растот на кредитната поддршка за економијата ги надмина очекувањата на централната банка. Се забележува поголема ориентација за кредитирање на населението, но позитивни се и кредитните текови за корпоративниот сектор.

Ова, меѓу другото, го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на Првиот економски форум во Скопје, кој го организираат Економскиот форум од Делфи, Грција и Грчката бизнис асоцијација во Северна Македонија, а во партнерство и соработка со домашните компании. Таа учествуваше на панел-дискусијата за постпандемиското закрепнување на нашата економија.

Притоа, гувернерката посочи дека ова е прва криза во која Народната банка од самиот почеток спроведува олабавена монетарна политика со цел одржување на поволни финансиски услови, за разлика од претходни кризни епизоди кога основната каматна стапка прво се зголемуваше, што доведе до затегнување на кредитните услови. Од самиот почеток на пандемијата, Народната банка ја намалуваше каматната стапка во повеќе наврати, а презеде и други монетарни мерки кои доведоа до намалување на каматните стапки на кредитите и солиден раст на кредитната поддршка на граѓаните и компаниите.

На панел-дискусијата, гувернерката се осврна и на прашањето за очекувањата за економски раст за оваа година и на среден рок, при што посочи и на важноста на случувањата во глобалната, а особено во европската економија. Истовремено, напомена дека во досегашните проекции и оцени на Народната банка, вклучително и во однос на процената на потенцијалот на економијата за раст, не се земени предвид претпоставки за поинтензивно спроведување на структурните реформи, а тие се клучни за зголемување на потенцијалот на економијата, и за чиешто натамошно спроведување е потребна посветеност.

Клучни зборови

  • грчки бизнис форум
  • гувернерката Бежоска
  • раст на кредити
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk