Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Ангеловска-Бежоска: Каматната политика ќе зависи од инфлацијата, девизниот пазар и поставеноста на ЕЦБ

21 дек. 2023 г.·2 мин читање·777 прегледи

Следете не на Viber

Oлабавувањето на монетарната политика во идниот период ќе зависи од три фактори − движењето на инфлацијата, на девизниот пазар, како и политиката на Европската централна банка, имајќи го предвид фиксниот девизен курс на денарот во однос на еврото. Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за Дневникот на МТВ, посочува дека трендовите кај инфлацијата и девизниот пазар се поволни, со раст на девизните резерви до нивото од 3,9 милијарди евра, но дека инфлацијата сѐ уште е на повисоко ниво од историскиот просек, како и дека сѐ уште има ризици од надворешното и домашното окружување, што упатува на внимателност при поставувањето на монетарната политика.

Гувернерката посочува дека во моментов не се забележува помасовен тренд на олабавување на монетарната политика кај централните банки, иако постои во некои економии. „Централните банки на најразвиените економии, коишто најмногу влијаат на меѓународните финансиски пазари, сега за сега, ја задржуваат истата монетарна поставеност, но важно е да се истакне и дека не продолжија со натамошно зголемување на основните каматни стапки“, вели Ангеловска-Бежоска и дополнува дека ЕЦБ во последниот извештај наведува дека очекува подолго задржување на истите каматни стапки, заради подолгорочно стабилизирање на инфлациските очекувања и инфлацијата. „Но, од друга страна ако се погледнат очекувањата на финансиските пазари, тие веќе вградуваат одредено намалување на каматните стапки“, истакнува гувернерката.

Осврнувајќи се на состојбата на домашните пазари, таа истакна дека глобалниот тренд на раст на каматните стапки во прилог на намалување на инфлацијата постоеше и кај нас, како резултат на затегнувањето на монетарната политика. „Меѓутоа, ако го споредиме зголемувањето на каматните стапки кај нас, со зголемувањето на каматните стапки во ЕУ, кај нас тоа зголемување беше помало. Оттаму, ако во просек во историјата, задолжувањето на населението кај нас било поскапо за 2 до 3 п.п. во споредба со ЕУ, сега каматните стапки се речиси изедначени. Каква ќе биде натамошната финансиска поставеност и цената на задолжувањето, како и досега, ќе зависи од голем број фактори, од состојбата на банкарскиот систем, ликвидноста, конкуренцијата во банкарскиот систем, согледувањата за ризиците, расположливиот доход на населението, но и од идната поставеност на монетарната политика“, заклучува гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Клучни зборови

  • Анета Ангеловска-Бежоска
  • каматна политика
  • монетарна политика
  • Народна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk