Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Ангеловска-Бежоска – Дејвид Гир: Членството во СЕПА еден од приоритетите на ЕУ за побрза интеграција на Западен Балкан

29 јул. 2024 г.·2 мин читање·894 прегледи

Следете не на Viber

Амбасадорот Гир ги поздрави напорите на Народната банка за подготовка и поднесување на барањето за членството во СЕПА коешто е еден од седумте приоритети за зајакнување на економско интегрирање согласно Планот на Европската комисија за раст и побрза интеграција на регионот на Западен Балкан.

Поднесувањето на апликацијата за пристапување кон Единствената област за плаќање со евра СЕПА е историски значаен чекор што ќе ни овозможи пристап до европскиот платежен систем и користење на придобивките од тоа и пред земјава да биде членка на ЕУ. Ова беше констатирано на работната средба којашто гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска ја имаше со амбасадорот на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска потенцира дека придобивките од членството на земјава во СЕПА за граѓаните и за компаниите ќе бидат големи и ќе значи пред сѐ, поевтин, побрз, безбеден, едноставен и ефикасен начин (еднаков на националните плаќања) за безготовински плаќања во евра кон земјите членки на СЕПА. Гувернерката посочи дека земјава очекува позитивна одлука од Европскиот Совет за плаќања, по што би се случило ефективното пристапување со вклучување на домашните даватели на платежни услуги во платните системи во СЕПА.

 На средбата беше разговарано и за повеќе актуелни прашања во делот на макроекономските остварувања, економските движења, инфлациските и девизните состојби, како и состојбите во банкарскиот сектор.

Клучни зборови

  • Анита Ангеловска-Бежоска
  • Дејвид  Гир
  • ЕУ
  • Западен Балкан
  • нбрсм
  • СЕПА
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk