Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Ангеловска-Бежоска: Банкарскиот сектор е стабилен и отпорен на шокови

20 апр. 2023 г.·3 мин читање·741 прегледи

Следете не на Viber

Банкарскиот сектор е здрав, стабилен и со висок степен на отпорност на шокови. Директните ефекти од најновите случувања на глобалните финансиски пазари врз македонскиот банкарски систем се ограничени, имајќи ја предвид примената на традиционален деловен модел од страна на банките, ниската изложеност и обврски кон странство, како и ниското ниво на вложувања на банките во хартии од вредност, оцени гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на седницата на Комитетот за финансиска стабилност.

„Според најновите податоци, заклучно со 31.3.2023 година, билансите на нашите банки се солидни, со високо ниво на капитал, највисоко ниво во последната декада, традиционално солидна ликвидност и солиден квалитет на кредитното портфолио при ниско ниво на нефункционалните кредити од 2,8 проценти. Претходно донесените мерки за зголемување на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот на 0,75 проценти придонесуваат за јакнење на стабилноста и отпорноста на банкарскиот систем. Народната банка ќе продолжи со внимателно следење на состојбите и преземање соодветни макропрудентни и микропрудентни мерки за натамошно јакнење на стабилноста. Макропрудентната стратегија е значајна за натамошно јакнење на координираниот пристап на финансиските регулатори“, истакна гувернерката.

Стратегија за спроведување на макропрудентната политика Комитетот за финансиска стабилност ја усвои на денешната седница. Документот е изработен од Народната банка, во консултација со финансиските регулатори, а согласно новиот Закон за финансиска стабилност. Со Стратегијата се зацврстува координираниот пристап на финансиските регулатори за натамошно јакнење на финансиската стабилност.

На Комитетот беа посочени и заложбите на регулаторите за продолжување и засилување на евроинтеграциските активности, а во тие рамки беше истакната потребата од заокружување на процесот на донесување неколку системски закони од финансиската сфера коишто ќе придонесат за одржување и натамошно јакнење на финансиската стабилност. Финансискиот систем во земјата е стабилен, а случувањата во банкарскиот систем во САД и Швајцарија речиси и да немаа влијание врз него. Надлежните регулатори координирано ги следат состојбите и се подготвени брзо да делуваат, да ги приспособуваат политиките во согласност со случувањата, заради одржување на финансиската стабилност којашто е приоритет.

Со седницата на Комитетот за финансиска стабилност претседаваше гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, а учествуваа министерот за финансии, Фатмир Бесими, претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), Максуд Али, претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО), Крсте Шајноски и главниот правен советник во Комисијата за хартии од вредност, Мате Стојановски.

Клучни зборови

  • Анита Ангеловска-Бежоска
  • Народна банка НБРСМ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk