Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисЛичен Развој

АНГЕЛОСКИ во „КАДЕ СЕ ПАРИТЕ?“: ИАКО КОМОРИТЕ СЕ РАСАДНИК ЗА ПОЛИТИЧАРИ, ЈАС ОСТАНУВАМ ВО Бизнисот

27 ное. 2024 г.·2 мин читање·2275 прегледи

Следете не на Viber

Иако насекаде во светот, па и кај нас стопанските комори често се место од каде потекнуваат дел од политичарите, јас ќе си останам во стопанството, вели првиот човек на Сојузот на стопански комори Трајан Ангелоски во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“. Тој додаде дека негова мисија е да го развива семејниот бизнис и тој да биде успешен за да може да им го пренесе на своите деца, како што неговиот татко го пренел на него, а воопшто не го интересира да биде дел од политичкиот живот.

„Во нашиов случај вашата претходничка влезе во политика. Планирате ли Вие во иднина да се лансирате на политичкото небо и да ве видиме на некоја листа, еве на пример, наредната година баш се локалните избори, па да ве проба некоја партија за градоначалник.

  • Да, ми го поставувале ова прашање и пред формирањето на оваа влада мислејќи дека ова што го кажавте. Но, цел живот работам во бизнис секторот така што навистина никогаш не сум се гледал во политиката и сметам дека најдобро знам да работам во бизнис секторот. Ние како семејна компанија, татко ми работеше до 90 – тите години во Металскиот завод Тито, имаше прилично одговорна функција, соработка со регионалните пазари, цела бивша Југославија и Европа, и излезе од Металскиот завод Тито и со позајмени 500 марки во тоа време оформи семејна компанија, сега поседуваме неколку семејни компании во регионот, така да максимално сум фокусиран на развојот на семејниот бизнис. Тоа ми е обврска наследена од татко ми и би сакал да ја предадам на моите деца…“

Премиерата е во четврток, во 12.00 часот на пладне, а потоа кога сакате може да не гледате на нашиот Јутјуб канал кој ќе го најдете ако во пребарување на кирилица напишете пари. Ќе ви се појавиме и тие сме.

Секако, секоја содржина што ја подготвуваме за вас е бесплатна, но затоа многу ни значи ако притиснете „сабскрајб“ и почнете да не следите. Секое добро, и се гледаме премиерно секој четврток или кога и вие да посакате потоа.

Клучни зборови

  • „Каде се парите? со Горан Теменугов“
  • Трајан Ангелоски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk