Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Ангелоски: “Инвестирањето во човечкиот потенцијал е најдобра инвестиција за бизнисот”

Илија·6 ное. 2024 г.·2 мин читање

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, г-н Трајан Ангелоски,  денеска ја отвори Првата меѓународна коучинг конференција во Скопје, на која ја истакна важноста на лидерството и коучингот како централни столбови за успешен развој и напредок во бизнис-секторот.

“Соочени со реалност полна со предизвици – одлив на таленти, економски и политички турбуленции, финансиски кризи и постојаните промени на глобално ниво – одговорноста на лидерите значително се зголемува.

Бизнисите повеќе од кога било се потпираат на јаките лидерски вештини и на ефективниот коучинг за да ги надминат овие предизвици и да обезбедат стабилност и просперитет во услови на несигурност”, рече Ангелоски, во својот поздравен говор пред присутните на коференцијата.

Тој додаде дека лидерството на 21 век бара од лидерите не само техничка експертиза, туку и длабоко разбирање за луѓето со кои работат, односно човечки и емотивни вештини кои создаваат продуктивна и инклузивна работна средина. Тука доаѓа коучингот како суштинска алатка за личен и професионален развој. Тој не е само метод за тренинг, туку процес за поттикнување на индивидуалниот потенцијал, подигнување на самосвесноста и самодовербата и ослободување на креативноста и иновациите кај вработените.

Домашните компании учејќи од меѓународните, почнуваат сè повеќе да го препознаваат значењето на коучингот и лидерските вештини за раст и развој,меѓутоа, разликата е видлива во пристапот кон формалното и неформалното образование. Во меѓународната практика, особено во развиените земји постои долгогодишна култура на вклучување на формални програми за развој на лидерски и коучинг вештини во рамките на организациите. Овие програми често се дополнети со неформално учење, вклучувајќи коучинг, менторство и едукативни работилници, кои им овозможуваат на лидерите и на вработените да ги развијат своите потенцијали во структуриран процес. т.е. успешното лидерство е она кое инспирира, мотивира и ги претвора предизвиците во можности – токму тоа е улогата на коучингот во денешното деловно работење.

Клучни зборови

  • Трајан Ангелоски
Странична рекламаplaceholder
Рекламаplaceholder

Pari.com.mk

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Навигација

  • Почетна

Податоци

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Систем

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

© 2026 Pari.com.mk