Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

АНГЕЛОСКИ НА КОМОРСКИ ЕВРО-АЗИСКИ САМИТ: Градењето силни коморски врски може да ги отвори вратите за нови можности

16 окт. 2024 г.·2 мин читање·1492 прегледи

Следете не на Viber

На првиот регионален самит на Светската коморска федерација за Европа и Азија што се одржа овие два дена во Истанбул, Турција, собера повеќе од 700 делегати од земјите од сите региони. Единствен член од Југоисточна Европа беше претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски.

Темата на настанот, „Колаборативен пристап кон климатската акција“, се фокусира на обезбедување информации за најновите случувања во климатските промени и подигање на свеста за практиките што Коморите и бизнис заедницата ги спроведуваат како одговор на размислувањата за климатските ризици, корпоративни стратегии и корпоративни општествени одговорности.

Значајни теми на панелот на настанот во Истанбул се: „Подобрување на глобалната соработка за забрзување на транзицијата кон нето нула“, „Улогата на коморите во поттикнувањето на глобалната економска трансформација и промени“, „Користење технологија за одржлив развој и кружна економија“ и „Подобрување финансирање на климата и декарбонизирање на синџирите на снабдување“.

-Во раздвижениот свет на бизнисот, коморите  стојат  како светилник на поврзување и соработка, тоа е место каде што бизнисите од сите големини се здружуваат за да споделат идеи, да создадат партнерства и да придонесат за економскиот просперитет на нивниот регион. Како претприемач и долги години вклучен во бизнис секторот, градењето силни коморски врски  може да ги отвори вратите за нови можности, партнерства и клиенти,главна цел на коморското делување е да создадеме  трговски алатки и да поставиме стандарди и најдобри практики кои имаат практично влијание за бизнис секторот  – истакна претседателот на ССКМ, Ангелоски.

На самитот на Светската федерација на комори за Европа и Азија, коморите кои го претставуваат деловниот свет ширум светот ќе ги финализираат своите ставови за климатските промени пред Самитот Б20 во Рио на 24 октомври и самитот COP29 во Баку на 11 ноември. Ќе се разговара за патоказот кон нето нула емисии, климатски технологии и иновации и финансирање на климатските промени.

Светската коморска федрација е суштински и кредибилен посредник меѓу владата, бизнисот и пошироката јавност,и е глобално здружение за сите стопански комори ширум светот со мрежа од 12.000 стопански комори.

Клучни зборови

  • Светска федерација на комори за Европа и Азија
  • Сојуз на Стопански Комори на Македонија
  • Трајан Ангелоски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk