Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Ангелоски ССК ја претстави визијата за зелена транзиција на панел во ЕУ парламентот во Брисел

1 фев. 2024 г.·3 мин читање·72 прегледи

Следете не на Viber

На 30 и 31 јануари 2024 во Брисел во Европскиот парламент  Мрежата ACRID, Мрежата за истражување, иновации и развој на здружени земји кандидати во партнерство со Форумот K4I, организира  настан -,,Поддршка на зелена и дигитална трансформација” фокусирани на истражување и иновации ангажирајќи ги јавниот, приватниот и академскиот сектор.

Настанот  ги истражува  можностите на ЕУ достапни за земјите-пристапнички и кандидати со  цел да ја зајакнат соработката за да ги подобрат нивните капацитети за иновации. Форумот  е со фокус за зајакнување на  конкурентноста на европската заедница за истражување и развој, особено во однос на целите на Европскиот зелен договор.

На панелот „Поддршка на двигателите на зелената и дигиталната транзиција“ говорник e Трајан Ангелоски претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија. На панелот се претстави можноста  и предностите за соработка помеѓу академскaтa заедница  и потребите на индустријата,и инцијативите насочени кон развивање на квалификувана работна сила опремена за новите трендови и технологии и можностите за соработка со  бизнис секторот.

Целта е се подобри соработката меѓу академската заедница, приватниот сектор, јавниот сектор, надградувајќи ги вештините и градењето капацитети за зелена и дигитална транзиција преку можноста за вмрежување и идентификување на потенцијални можности за соработка на проекти за истражување и развој  со препораки за политики за да се олесни ефективната соработка, зголеменото финансирање и градењето капацитети должи целиот синџир на вредност на иновациите.

,,Со поширока вклученост на граѓанските организации и бизнис секторот Сојузот на стопански комори  ќе делува  за подобрување на градењето капацитети, трансфер на знаење, пристап до иновативни активности за зелена и дигитална транзиција и  за побрз економски раст преку поттикнување на развојот на нови индустрии, технологии и стартапи.Се потенцираат можности за истражување и развој ,нагаласувајќи  го значењето на заеднички иницијативи за истражување , развој  и потенцијалот за пробивни иновации и напредок што произлегува од меѓусекторската соработка. Заедничките заложби можат да поддржат образовни програми кои го премостуваат јазот помеѓу академското учење и индустријата и иницијативите насочени кон развивање на квалификувана работна сила опремена за новите трендови и технологии. Дополнително искусување на она што Европа може да им го понуди на земјите кандидати и придружните земји од перспектива на различни инструменти и програми и како овие земји можат да го поддржат зелениот договор на ЕУ и новата европска агенда за иновации,,истакна Ангелоски Сојузот на стопански комори интензивно работи заеднички со бизнис секторот и членките за вмрежување и идентификувaњe на потенцијални можности за соработка на проекти за истражување ,инвестиции,развоj и иновации се со цел за подобра бизнис клима за компаниите.

 

Клучни зборови

  • Поддршка на двигателите на зелената и дигиталната транзиција
  • Сојуз на стопански комори
  • Трајан Ангелоски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk