Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Ангелоска-Бежоска на конференција на белгиската централна банка: Висока усогласеност на регулативата за НБ со европската

29 мар. 2021 г.·2 мин читање·780 прегледи

Следете не на Viber

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, имаше излагање на Конференција на високо ниво на централната банка на Белгија, каде што свои излагања имаа и европскиот комесар за правда, Дидje Рејндерс, претставникот на ММФ, Вaутер Босу и гувернерите на централните банки на Хрватска и Молдавија. На Конференцијата се разгледуваа теми поврзани со примената на правото, со посебно внимание на правото во централнобанкарското работење, во Европската Унија и во земјите кандидатки за членство во Унијата.

Во своето излагање, Ангеловска-Бежоска истакна дека согласно со редовните оцени од страна на Европската комисија, законската рамка во однос на поставеноста и функциите на Народната банка е оценета позитивно и оваа рамка овозможува независност во работењето на централната банка, што е клучен предуслов за кредибилитетот на работењето и постигнувањето на основната законска цел, одржување на ценовната стабилност.

„Важноста на одржувањето на независноста на централните банки уште повеќе се истакна во периодот по глобалната економска криза, кога покрај традиционалниот мандат – ценовната стабилност, централните банки добија повеќе нови надлежности и започнаа да користат повеќе нови инструменти коишто имаат посилни редистрибуциски ефекти во економијата. Во такви околности, исто така, потребно е постојано да јакне транспарентноста и отчетноста во нивното работење“ – истакна гувернерката.

Зборувајќи во поширок контекст на примената на правото во домашната економија, Ангеловска-Бежоска нагласи дека институционалните фактори, вклучително и правниот систем се значајни детерминанти за странските инвестиции, коишто се особено значаен двигател на растот на малите и отворени економии, како што е македонската.

Со учеството на гувернерката Ангеловска-Бежоска на овој настан во организација на централната банка на Белгија се потврдуваат заложбите на Народната банка за постојано следење на трендовите во централнобанкарската заедница, навремено воведување на меѓународните стандарди и придонес кон евроинтеграциските процеси како залог за создавање услови за повисок животен стандард и унапредување на квалитетот на животот за граѓаните.

Клучни зборови

  • Анита Ангеловска-Бежоска
  • Белгија
  • НБ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk