Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Андреева на конференција на Светската банка: Климатските ризици приоритет во реформите во финансискиот сектор  

3 јун. 2024 г.·3 мин читање·393 прегледи

Следете не на Viber

Претставници на Народната банка присуствуваа на меѓународната конференција на Светската банка, на тема „Поставување вистински реформски приоритети во финансискиот сектор“ („Getting the financial sector reform priorities right“), која се одржа во Виена, Австрија. На Конференцијата беа опфатени различни актуелни теми кои се однесуваат на стабилноста на финансискиот, пред сѐ на банкарскиот систем, при што се разговараше за новините во банкарската регулатива, микропрудентните и макропрудентните политики за климатските ризици, вреднувањето на средствата, решавањето банки и за дигиталниот оперативен ризик.

Директорката на Дирекцијата за финансиска стабилност и макропрудентна политика, Наташа Андреева, зеде учество на панел-дискусијата на тема: „Политики за ублажување на ризиците од климатските промени“, на која ги презентираше досегашните и идните активности на Народната банка во доменот на управувањето со климатските ризици коишто може да влијаат врз банкарскиот систем, како и можностите и условите за примена на макропрудентните мерки. Народната банка, препознавајќи го значењето на климатските промени и нивното потенцијално влијание врз финансискиот систем и економијата во целост, во последните години презеде низа активности во оваа насока. Во 2021 година им се приклучи на Меѓународната мрежа за зелен финансиски систем, а потоа и на Виенската иницијата, а од 2022 година, поддршката на зелените финансии стана дел од стратегиските цели на централната банка. Минатата година го усвои првиот тригодишен план во кој се дефинирани активностите коишто се однесуваат на управувањето со климатските ризици во областа на финансиите. Планот веќе почна да се спроведува, така што неодамна беа донесени насоки за банките за начинот на кој тие треба да управуваа со ризиците поврзани со климатските промени, се направија првични анализи за оцена на изложеноста на банкарскиот систем на физичките и на транзициските ризици поврзани со климатските промени, а минатиот месец за првпат се објави Прегледот со „зелени“ показатели, со цел да се  подобри расположливоста на податоците за климатските промени, која е суштинска при изработката на анализите и носењето на политиките.

Андреева истакна дека во наредниот период е предвидено да се продлабочат анализите и да се воспостави рамка за спроведување стрес-тестирања на климатските ризици, а предвидени се и активности за промена на супервизорскиот пристап, со постепено активно вклучување на климатските ризици при оцената на профилот на ризик на банките. Активната национална и меѓународна соработка, соодветното осмислување на аналитичките и истражувачките активности, но и градењето и зајакнувањето на институционалните капацитети, корпоративната култура и одржливоста на работењето на Народната банка, исто така, се дел од планираните активности во овој домен.

Директорката на Дирекцијата за финансиска стабилност и макропрудентна политика посочи дека Народната банка на редовна основа ги следи промените во билансите на банките коишто произлегуваат од нивните побарувања и обврски со „зелена“ компонента. Во однос на 2019 година, откога се расположливи овие податоци, „зелените кредити“ бележат значителен раст и се зголемени за околу трипати (само во 2023 година нивниот раст изнесува 30%), но сепак нивното учество во вкупните кредити на банките е сѐ уште е ниско (на крајот на 2023 година изнесува 4,5%).

 

Клучни зборови

  • конференција на светска банка
  • Народна банка
  • Наташа Андреева
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk