Граѓаните на Балканот сѐ повеќе живеат на кредит. Но, кој должи најмногу? Дали граѓаните се задолжуваат за да инвестираат во иднината, за да врзат крај со крај, за да уживаат во животот или, пак, само за да ги преживеат турбулентни времиња? Дали кредитите станаа неопходен дел од модерниот живот или станавме зависни од нив?
Бројките растат, а со тоа и финансиските обврски на граѓаните. Задолженоста на македонските граѓани во банките и штедилниците за една година е зголемена за 20.077 милиони денари, односно за 326,5 милиони евра. Изразено во проценти значи дека долговите на граѓаните од јануари 2024 до јануари 2025 година пораснале за 9%.
Кај нашиот северен сосед граѓаните за една година се задолжиле кај банките за нови 1,4 милијарди евр…