Човечките ресурси се можеби најбитниот фактор на една држава и истите треба да се третираат како национална стратегија. Нема успешна држава без квалитетен кадар и не може кадарот да се задржи доколку државата не е успешна! Каде и дали погреши Македонија во овие 30 години независност од аспект на својот кадровски потенцијал? Одговорот лежи во емиграцијата. Погреши во тоа што државата не можеше да го следи трендот на успешниот кадар. Поединците беа и сеуште се поуспешни од државата. Но, да се надеваме дека иднината ќе ги сврти работите во полза и на државата , но и на поединецот. Голем број национални стратегии за зголемување на вработеноста беа преку рекламирање на евтина работ…