Пандемијата на почетокот му нанесе удар и на градежништвото, но тоа бележи нагорни резултати од третиот квартал минатата година. Рестрикциите, заболените работнци, прекинати синџири во снабдувања, поскапен градежен материјал, како и предвремените парламентарни избори минатата година си го направија своето и во вториот квартал имаше значаен пад на градежништвото, но веќе во третиот квартал оваа гранка имаше раст од 3,4 проценти. Потоа, сите официјални статистики бележат продолежвање и забрзан раст на секторот до крајот на годината. Ноемвриските проекции на Народната банка предвидуваат понатамошна добра иднина за градежниот сектор:
„Се предвидува поизразен раст на инвестициската активност, особено во 2022 година, што се темели на очекувањата за забрзан раст на странската побарувачка, продолжување на градежните работи поврзани со јавн…