Автор: м-р Сашко Кметовиќ
Авторот на АНАЛИЗАТА е дипломиран новинар и магистар по корпоративно право.
Македонија долги години напредува и високо котира на извештајот на „Дуинг Бизнис“ на Светска банка. Во овој извештај на Светска банка државите се рангираат според условите за започнување и водење бизнис, како што се брзината и процедурата за отворање или затворање на фирма, даночната регулатива, брзината за добивање струја, брзината за добивање градежна дозвола, пристапот до кредити, како и сите оние процедури кои се поврзани со започнување и водење на бизнис во државата. Рејтингот во овој извештај можеби не е клучен при одлуката на странските инвеститори да инвестираат во Македонија, но секако дека има влијание врз имиџот на државта како бизнис дестинација.
Поради овие причини една од главните вести во нашата јавност изминатиот период е падот на Македонија од седум места на „Дуинг Бизнис“ извештајот на Светска Банка. Минатата година Македонија беше на десеттата позиција, а годинава е на 17-то место според условите за водење бизнис.
Во јавноста се водеше интересна дебата од страна на политичарите, експертите и економистите што тоа значи за нашата држава. Додека едните тврдат дека ова е економска катастрофа, другите тврдат дека сé уште Македонија е ли…