Пред 5 години сме можеле да купиме дури 57 килограми леб повеќе со тогашната просечна – нето плата во однос на сегашната, а платата „претворена“ во зејтин ни вредела 58 литри повеќе. Но, што се однесува до електричната енергија, сега со една просечна плата можеме да купиме 833 киловат-часа електрична енергија повеќе отколку пред 5 години.
Ова е резултатот од анализата што ја направи „Пари“ користејќи официјални податоци од Државниот завод за статистика и од Регулаторната комисија за енергетика.
Анализиравме како сме живееле пред една деценија и пред 5 години во споредба со сега. Но, она што не изненади како заборавен податок е што пред 10 години, односно во 2011 година сме имале високи цени, особено на бензинот и на зејтинот, но, истовремено сме имале и многу пониски цени на лебот, на струјата… Високите цени на бензинот во услови на значително пониска плата, довело до тоа, тогаш со просечната нето-плата да може да се купат дури 100 литри бензин помалку отколку сега.
Според извештајот на НБРМ за 2011 година, просечната инфлација таа година била дури 3,9 проценти. Ова е период по големата финансиска криза од 2008 година, но и година со неповолни климатски прилики.
„Како и во претходната година, и во текот на 2011 година зголемувањето на ценовното ниво доаѓаше од фактори на страната на понудата, односно од понатамошниот пораст на светските цени на храната и енергијата. Главен двигател на растот на инфлацијата во текот на целата година беше прехранбената компонента, к…