Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

АнализиАналитикаЛичен Развој

АНАЛИЗА НА ПАРИ: ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД ВО ПОСЛЕДНАТА ДЕЦЕНИЈА, НИЗ ФАКТИ И Бројки

16 мај 2023 г.·2 мин читање·2663 прегледи

Следете не на Viber

За една деценија, просечната плата во државава се зголемила за 68,7 проценти, а потрошувачката кошничка за речиси 52 проценти, покажува анализата на Пари, која под лупа стави бројни податоци што го отсликуваат животниот стандард на населението. Во апсолутен износ, никогаш како сега не биле потребни толку пари за да се закрпи дупката меѓу просечната нето-плата и синдикалната потрошувачка кошница. Сепак, податоците зборуваат дека во релативен износ, покриеноста на кошницата сега е поголема отколку пред една деценија. Сојузот на синдикати објави дека во април годинава минималната синдикална кошница тежела 49.385 денари, што е дури 11.280 денари повеќе отколку во април 2022 година. „Дупката“ меѓу синдикалната кошница и платата во април годинава, според пресметките на Пари, е дури 13.978 денари. Пред 10 години, во април 2013 година, таа изнесувала 11.535 денари, и потоа постојано се намалувала, сѐ до 2022 година, кога инфлацијата го направи своето. Но во релативен износ, сега просечната плата би требало да биде за 39,5 проценти поголема за да ја пополни синдикалната кошница, додека во април 2013 требало да биде поголема за многу повеќе, односно за 54,97 проценти. За семејство во кое има само еден вработен со минимална плата, состојбата е повеќе од катастрофална. За синдикалната минимална кошница, на такво семејство во април му недостигале 29.209 денари! Пред 10 години, таа дупка била 24.469 денари. Не е за утеха, но сепак треба да се знае дека сега минималната плата е 20.175 денари – што значи дека два „минималца“ не се доволни за една синдикална кошница, а пред 10 години, минималната плата била 8.050 денари, и тоа не за сите – текстилната и кожарската индустрија имале „минималец“ од едвај 6.869 денари. Во тоа време требале 4 минимални плати за една синд…

Ексклузивна анализа

Продолжете со читање како член

Test test test test test test test test test test test test

Најави се Зачлени се бесплатно

Заборавена лозинка? · Test test test test test test test test test test test test .

Клучни зборови

  • анализа
  • животен стандард
  • минимална плата
  • просечна нето плата
  • просечна плата
  • синдикална кошница
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk