Просечната пензија во септември со покачувањето се зголемила за 1,139 денари, односно од 16,376 денари колку што изнесуваше во август на 17,515 денари. Зголемувањето се должи на законските измени со кои од септември пензиите пораснаа за 6,8 проценти. Сепак, кој најмногу го почувствува бенефитот од зголемувањето на пензиите?
НАЈВИСОКИТЕ ПЕНЗИИ ДОБИЈА НАЈМНОГУ, НАЈНИСКИТЕ НАЈМАЛКУ
Највисоката пензија во државава со септемвриското покачување сега изнесува 64,392 денари. Во август пред зголемувањето на пензиите таа изнесувала 60,294 денари. Тоа пак значи дека корисниците на оваа пензија, а ги има 72-ца во земјава (69 се по основ старосна пензија, 3-ца е семејна пензија) во септември добиле зголемување од 4,098 денари.
Вкупно 215 пензионери со покачувањето на пензиите сега примаат пензии над 60,000 денари. Највисоката како што наведовме погоре е 64,392 денари, следуваат 63,732 денари (овие пензионери добиле покачување од 4,058 денари, а ги има 6…