Државниот завод за статистика ја објави августовската плата, а Сојузот на сдиндикати октомвриската кошничка. Новите податоци кажуваат дека во август просечната нето-плата во државава била 41.097 денари. Ова е добра вест ако се земе предвид дека во јули таа беше 40.961 денар, но лоша ако се спореди со јуни и тогашните 41.939 денари, а во август платите не се вратија на јунскиот колосек.
Просечни нето-плати во последните три месеци
Извор: Државен завод за статистика
Податоците за октомвриската синдикална кошничка покажуваат дека изнесува 61.249 денари, или како што пишуваше Пари (https://pari.com.mk/samo-57-denari-namalena-kosnickata/), таа е за само 57 денари пониска отколку во септември и покр…