Минатогодишните финансиски извештаи на компаниите кои учествуваат во креирањето на цената на струјата откриваат „интересни“ податоци – големите плусови на МЕПСО и ЕВН Хоум од 2019 година, во 2020 се претвориле во големи минуси, а пак минусот на Електродистрибуција се претворил во одличен плус.
Овие податоци беа и на масата на Регулаторната комисија за енергетика, а сите компании за која таа дава зелено светло во однос на нивниот удел во цената, побарале зголемување на цената.
Порталот Pari.com.mk во соработка со БизнисМрежа.мк ги анализираше финансиските резултати на креаторите на цената за домаќинствата.
АД Електростопанство на Северна Македонија(ЕСМ) кое е домашен производител на струја преку сите енергетски капацитети што ги поседува, лани остварил приход од околу 194 милиони евра…