Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Крипто

Аналитичар на Дојче банк: Биткоинот е „премногу важен за да се игнорира“

19 мар. 2021 г.·2 мин читање·1855 прегледи

Следете не на Viber

Раните критичари на Биткоин сега стануваат евангелистите по приливот на институционални пари и растечкото усвојување. Францускиот економист и аналитичар на Дојче банк, Марион Лабур е последната што го возбуди ова дигиталното средство. Таа рече во неодамнешниот извештај дека биткоин сега е “премногу важен за да се игнорира”.

Нејзините изјави дојдоа откако пазарната капа на Биткоинот ја помина границата од 1 трилион долари. Лабур смета дека масовниот раст на Биткоин може да биде оправдан со “Ефектот на Тинкербел”, израз што го користат економистите за да ја опишат моќта на верувањето. Ова значи дека Биткоин е вреден затоа што луѓето веруваат дека е така. Францускиот економист напиша:

Пазарната граница на Биткоин од 1 трилион долари и опсегот за континуиран пораст на цените, го прави премногу важен за да се игнорира. И централните банки и владите разбираат дека Биткоин и другите криптовалути се тука за да останат. Така, владите се очекува да започнат со нивно регулирање кон крајот на оваа година или почетокот на следната година.

Сепак, Лабур верува дека Биткоин ќе остане високо-нестабилно средство поради неговата ниска ликвидност. Компаративно, дневниот обем на трговија на Биткоин е само 1,9% од обемот на златото, и покрај тоа што е трета по големина валута.

Аналитичарот верува дека Биткоин не е моментална закана за постојните финансиски системи. Иако дигиталното средство расте и може да стане главно засолниште за вредност и средства за плаќање, можеби ќе треба да се бори со дигиталните средства и понуди од централизирани фирми, издадени од владата, како што е „Дием“ на Facebook.

Клучни зборови

  • Биткоин
  • вредност
  • иднина
  • крипто
  • Цена
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk