Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финтек

Популарен аналитичар објави нов модел за цената на биткоин

30 јун. 2020 г.·3 мин читање·138 прегледи

Следете не на Viber

Популарниот аналитичар на биткоин Вили Ву им порача на своите 133.000 следбеници на Твитер дека работи на нов модел за цени, кој сугерира дека цената на биткоинот ќе продолжи драстично да расте. 

Цената на биткоинот паѓаше во последните седум дена, бидејќи изгуби вкупно 2% изминатата недела. Вредноста скокаше напред и назад помеѓу 8.800 американски долари, па потоа над 10.000. Во последните 2 дена цената се движеше помеѓу 9,010 и 9.150 долари.

Вкупната вредност на пазарот е 165 милијарди американски долари, и тоа претставува 63% од целокупната проценка на пазарот на сите 5.000+ крипто-валути. 

Во неделата, Вили Ву (@woonomic), објави нов модел за цени за биткоин.

„Ова е нов модел на кој работам. Биткоинот ќе продолжеше да расте ако не дојдеше коронавирусот. Но овој модел сугерира дека сме блиску до друг голем пораст на цената. Можеби ќе треба да помине уште еден месец за да се оствари.

Првата табела на Ву објавена на Твитер.

И друга табела објавена на Ву покажува дека „колку подолго трае овој пазар на бикови, толку е поголема крајната цена.”

Во суштина, она што го изјави коосновачот на „Хипершер“ на своите 132.000 следбеници на Твитер е дека неговиот нов модел покажува дека биткоин е „можеби“ околу еден месец оддалечен од лифт. Ако не беше Ковид-19, тогаш Ву верува дека пазарот со бикови веќе би започнал.

Втората табела Ву објавена на Твитер.

Се разбира, не се согласија сите со предвидувањата на Ву и доказите што произлегуваат од неговиот нов модел. „Техничката анализа не работи со биткоин“, Адам Борнстајн му одговори на Ву. „Има премногу размени со премногу тенок волумен, премногу арбитражни можности и премногу врева вградена во секој потег“, додаде Борнштајн.

Третата табела Ву објавена на Твитер.

Иако Ву застана за својата позиција и аналитичарот одговори на критиките на Борнштајн. „Се согласувам со вас, но оваа табела е 8 години макро, каде органската инвестиција има предност“, Ву одговори.

Другите евангелисти на биткоин не се согласуваат со предвидувањата на Ву, исто така, како што Тон Вејс изјави за „Интернационален бизнис тајмс“ Ибтимес има шанса „цената на биткоинот да не надмине 10 000 УСД до 2021 година“.

„Како што веќе со месеци велам, немам причина да се оддадам од моето предвидување во почетокот на годината дека Биткоин ќе се заглави помеѓу 6.000 и 10 000 долари за поголемиот дел од оваа година“, рече Вајс за весникот. Се разбира, Ибтимес исто така спомна дека Вејс предвидувал пад до 2.800 американски долари пред да се случи преполовување, но прогнозата на аналитичарот никогаш не се случила.

Клучни зборови

  • анализа
  • Биткоин
  • вредност
  • криптовалута
  • предвидувања
  • Финтек
  • цени
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk