Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Амазон руши рекорди во продажбата

24 јун. 2021 г.·2 мин читање·2229 прегледи

Следете не на Viber

Трговијата на мало во САД за време на 48-часовниот настан Prime Day на Амазон, го надмина претходниот рекорд поставен за време на ланскиот Сајбер понеделник.

Вкупниот промет од е-трговија изнесуваше повеќе од 11 милијарди долари во понеделникот и вторникот, што е за 6,1% повеќе во однос на Prime Day одржан во октомври 2020 година според индексот следен од Adobe Analytics, кој вклучува повеќе од илјадници милијарди онлајн посети на американските веб-страници и над 100 милиони артикли во 18 категории на производи.

Продажбата на мало беше 5,6 милијарди долари во понеделникот за време на првиот ден на Prime Day, и 5,4 милијарди долари во вториот ден, се вели во соопштението на Adobe. Минатиот понеделник е најпрометниот ден досега во однос на дигиталната продажба оваа година, а вторникот е втор според вредноста, додаде Adobe.

Најголемите попусти на Амазон во понеделникот беа за играчки, чии цени паднаа за 12 проценти. Уредите имаа просечен попуст од 5,2 проценти, додека електрониката забележа пад од околу три проценти.

За време на минатогодишната празнична шопинг сезона, за време на сајбер понеделникот, прометот беше околу 10,9 милијарди долари, што е рекорд за купувањето преку Интернет во САД и тоа за еден ден.

Клучни зборови

  • Adobe
  • Prime Day
  • Амазон
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk