Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Америка и Европа формираат технолошки совет за изработка нови глобални трговски правила

18 јун. 2021 г.·2 мин читање·1531 прегледи

Следете не на Viber

САД и Европа ќе формираат заеднички технолошки совет за изготвување нови глобални трговски правила а сето тоа за целтите и напорите на американскиот претседател Џо Бајден за да собере европските сојузници и да се спротивстави на растечкото влијание на Кина, пренесува американскиот CNBC.

Американско-европскиот совет за трговија и технологија ќе има три главни цели: да воспостави нови глобални трговски стандарди за нови технологии, да промовира демократски вредности на Интернет и да најде модалитети за соработка меѓу САД и ЕУ за истражување и развој на иновации.

Од страна на Америка, трговскиот совет ќе го води државниот секретар Ентони Блинкен, министерката за трговија Џина Рејмонд и претставникот за трговија и амбасадорката Кетрин Тај, изјави еден претставник од администрацијата на Бајден, кој ги информираше новинарите за ова прашање под услов да останат анонимни за време на тековните преговори.

Другите специфични цели на советот вклучуваат: координирање на стандардите во областа на новите технологии како што се вештачка интелигенција, квантен компјутер и биотехнологија, изнаоѓање начини да се направат синџирите за снабдување поотпорни и помалку зависни од Кина, продолжување на реформата на Светската трговска организација и координирање на прописите за технолошките платформи .

Да потсетиме, неодамна на завршениот Самит Г7 се договори нова иницијатива за поддршка на инфраструктурата за земјите во развој, наречена „Градење на подобар свет“, што треба да биде алтернатива на растечкото кинеско влијание и иницијативата „Појас и пат“, што Кина ни малку добро не ја дочека и истиот ден беше испратена порака со предупредување.

Иницијативата „Да изградиме подобар свет“ на неодамна завршениот Самит во групата од седум најразвиени земји во светот ја предложи американскиот претседател Бајден и тој дојде на Самитот на Г7 со цврста намера да се спроведе тој план. Иако сè уште нема доволно податоци за спроведување и финансирање на сите овие иницијативи за да се балансира растечкото влијание на Кина, американската администрација, предводена од новиот претседател Бајден, деновиве патува во Европа и одржува состаноци од самитите на Г7, ЕУ и НАТО со рускиот Претседателот Путин, сè со цел јасно и гласно барање на сојузници против Кина.

Клучни зборови

  • бајден
  • Самит Г7
  • технолошки совет
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk