Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Америка ја обвини Швајцарија дека манипулирала со курсот на франкот

17 дек. 2020 г.·2 мин читање·2653 прегледи

Следете не на Viber

САД ги означија Швајцарија и Виетнам како валутни манипулатори, можеби еден од последните несакани ефекти на администрацијата на Трамп кон меѓународните трговски партнери.

Три нови имиња се додадени на списокот на земји осомничени за преземање мерки за девалвација на нивните валути во однос на американскиот долар.

Ова е прв пат од 2019 година САД да означат друга земја како валутен манипулатор кога ја обвинија Кина во време кога двете најголеми економии во светот беа во напнати трговски преговори.

Во својот годишен извештај во средата, Министерството за финансии на САД ги обвини Швајцарија и Виетнам дека интервенирале на девизните пазари до јуни 2020 година за да спречат ефективно прилагодување на платниот биланс.

Во првата реакција, Швајцарската национална банка (СНБ) соопшти дека нема да ја промени својата монетарна политика, иако Швајцарија беше прогласена за манипулатор со валути од страна на Министерството за финансии, додавајќи дека централната банка е сè уште подготвена да дејствува агресивно на девизните пазари.

„Интервенциите на девизниот пазар се неопходни во швајцарската монетарна политика со цел да се обезбедат соодветни монетарни услови, а со тоа и ценовна стабилност“, додаваат тие.

Швајцарската банка посочува дека наглото зајакнување на франкот би било штетно за економијата и има намера да продолжи со сегашната политика, која опфаќа широко купување на американски акции. Виетнам не ги коментираше обвинувањата на САД за манипулирање со курсот на донг.

Клучни зборови

  • курс
  • манипулира
  • САД
  • франк
  • Швајцарија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk