Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

АЛТА БАНКА ВЛЕГУВА НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР со силна визија за развој

12 сеп. 2025 г.·3 мин читање·3858 прегледи

Следете не на Viber

АЛТА банка а.д. Белград, една од водечките и најиновативни финансиски институции во регионот, направи голем чекор со доставување на понудата за преземање на Стопанска банка АД Битола. Со оваа инвестиција ќе започне ново поглавје на раст во секторот на финансиските услуги за граѓаните и компаниите во Република Северна Македонија.

Понудата за преземање објавена на 11 септември 2025 година се однесува на сите акционери кои поседуваат акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола.

Алта банка АД Белград понудата за преземање ја објави согласно добиеното решение за издавање дозвола за понуда за преземање од Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија од 10 септември 2025 година и добиената претходна согласност од Народната банка на Република Северна Македонија за стекнување на капитален дел од акциите во Стопанска банка АД Битола.

„Оваа интеграција ќе донесе значајни придобивки за македонскиот пазар и ќе придонесе за развој на локалната економија“, изјави д-р Давор Мацура, претседател на Управниот одбор на АЛТА банка.

Претседателот на Управниот одбор на Стопанска банка АД Битола, Александра Радевска, изјави:

„Управниот одбор на Стопанска банка АД Битола ја доби понудата за преземање и проспектот за преземање на сите обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка АД Белград.

Согласно стратешките цели на Алта банка АД Белград, како што е предвидено во јавно објавениот проспект, оваа инвестиција ќе влијае за понатамошен развој и унапредување на работењето на Стопанска банка АД Битола.

Доколку процесот заврши успешно, верувам дека искуството и експертизата на Алта банка ќе придонесат за натамошно унапредување на квалитетот на услугите што ги нудиме, особено во сегментите на иновации, дигитализација и стратешка поддршка на клиентите”.

АЛТА банка е значаен финансиски актер во регионот и се очекува дека и во Република Северна Македонија ќе настапи одговорно и домаќински – со целосно почитување на пазарните специфичности, потребите на клиентите и регулаторната рамка. Доколку оваа инвестиција се реализира, ќе претставува значаен чекор кон регионално поврзување, зачувување на континуитетот и отворање простор за иновации и нови развојни можности.

Со оваа стратешка соработка, Република Северна Македонија ќе стане значаен дел од мрежата на АЛТА банка – мрежа која ја обликува иднината на банкарството во регионот.

Клучни зборови

  • Алта банка
  • Стопанска банка АД Битола
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk