Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

АЛТА Банка со нов потрошувачки кредит со најповолни услови на Македонскиот пазар

15 јан. 2026 г.·2 мин читање·7293 прегледи

Следете не на Viber

АЛТА Банка решително продолжува да ја зацврстува својата позиција на македонскиот финансиски пазар, со јасна визија, силни амбиции и посветеност кон создавање стабилно, сигурно и современо банкарско искуство. Банката активно инвестира во развојот на своите услуги и создавање модерно и препознатливо банкарско искуство за клиентите.

Како дел од стратегискиот развој и плановите за понатамошен раст, АЛТА Банка го најавува новиот потрошувачки кредит, кој е наменет да понуди сигурност, стабилност и реална финансиска поддршка. Кредитот овозможува износ до 2.500.000 денари, со поволна каматна стапка од 4,5% и можност за отплата до 120 месеци, што го прави најатрактивно кредитно решение на пазарот.
Дополнително, Банката обезбедува промотивна понуда до 31.03.2026 година, во рамки на која клиентите ќе можат да го искористат кредитот без провизија за исплата, што претставува значајна финансиска предност и дополнително олеснување за клиентите.

Паралелно со развојот на нови производи, АЛТА Банка активно работи на засилување на стручниот кадар, со цел подигнување на квалитетот на услугата и унапредување на целокупното клиентско искуство.

Како една од најголемите предности, АЛТА Банка ја издвојува брзината на одлучување, овозможувајќи поедноставени процедури и навременo одобрување на кредитните барања, фактор кој е од исклучителна важност за клиентите денес.

Со јасна стратегија, силен развоен фокус и одговорен пристап, АЛТА Банка продолжува да го јакне своето присуство и да го гради статусот на стабилен и сигурен партнер на македонските граѓани.

ПР Објава

Клучни зборови

  • Алта банка
  • Потрошувачки кредит
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk