Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Средствата за дезинфекција од “Алкалоид” со докажано дејство против SARS-CoV-2 (COVID-19)

11 јан. 2021 г.·2 мин читање·4626 прегледи

Следете не на Viber

По речиси цела година постоење на вирусот (SARS-CoV-2 Severe acute respiratory syndrome coronavirus 2), додека науката сѐ уште бара начини за негово најефикасно третирање, јавните здравствени организации низ светот се едногласни околу препораките и мерките за заштита, базирани на механизмите на неговото пренесување: носење заштитна маска за лице; одржување физичка дистанца од минимум 1,5 метри и чистење/дезинфекција на површините и на кожата на рацете.

Засега е познато дека новиот вирус SARS-CoV-2 може да опстојува на површините и до 9 дена, притоа останувајќи инфективен. Затоа, одлуката за избор на средства за дезинфекција на рацете треба да се направи внимателно. Светските јавни здравствени институции [Светската здравствена организација (WHO), Американскиот центар за контрола на болести (CDC), Американската администрација за храна и лекови (FDA) и сл.] одобруваат ефикасност на биоцидните производи (дезинфекциски и антисептички средства) кои во својот состав содржат еден или комбинација од повеќе алкохоли (eтанол, 2-пропанол и/или 1-пропанол), со процентуална застапеност од 60 до 95 %. Големиот број студии содржат докази дека овие формулации се сметаат за безбедни и за ефикасни при уништувањето на вирусите (вклучително и SARS-CoV-2) и дека имаат висока микробицидна активност и дејство во рок од 30 секунди од нанесувањето.

Во согласност со консултираните научни студии и докази за ефикасноста на биоцидните средства на база на алкохол спрема SARS-CoV-2, направени од Светската здравствена организација, македонското Министерство за здравство ја потврди ефикасноста на следниве биоцидни производи на „Алкалоид“ АД Скопје: Medical® (гел и полиалкохолен раствор за дезинфекција на рацете) и Ecosal® (растворите за дезинфекција на раце forte, ultra, standard и active), кои во својот состав имаат минимум 70 % алкохол (етанол и/или комбинација од етанол, 1-пропанол и/или 2-пропанол).

Овие производи имаат примена во хуманата и во ветеринарната медицина, индустријата, угостителството, во хотелиерството, за одржување јавна и лична хигиена и слично.

Гелот Medical® и полиалкохолниот раствор за дезинфекција на рацете, како и растворите за дезинфекција на рацете Ecosal® (forte, ultra, standard и active) се готови за употреба.

Клучни зборови

  • SARS-CoV-2
  • алкалоид ад скопје
  • вирус
  • ковид-19
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk