Најави се Зачлени се
Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Алкалоид со извоз од 21 милион евра во Хрватска – Мукаетов учесник на македонско-хрватскиот бизнис форум

Маја Анастасова·27 мај 2026 г.·2 мин читање

Генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид, Живко Мукаетов, учествуваше на бизнис-средбата меѓу Македонија и Хрватска, организирана со поддршка на владите на двете земји, каде што беа претставени можностите за продлабочување на економската соработка и за нови партнерства меѓу компаниите.

Хрватска останува еден од традиционалните пазари на Алкалоид, каде што компанијата е присутна уште од шеесеттите години на минатиот век. Подружницата во Загреб денес има околу 60 вработени и функционира преку два ентитета – тим за хрватските операции и правна служба задолжена за целата Европска унија.

Во текот на минатата година пласманите на Алкалоид на хрватскиот пазар достигнале 21 милион евра. Производното портфолио опфаќа фармацевтски, козметички и билни производи, меѓу кои и брендовите Кафетин, Прокулин и Бекутан.

Бизнис форумот се одржа во рамки на посетата на хрватската делегација, предводена од премиерот Андреј Пленковиќ, на Македонија.

Во однос на економската соработка меѓу двете земји, трговската размена изнесува околу 300 милиони евра, при што и двете влади оценуваат дека постои значително поголем потенцијал за нејзино унапредување.

 

Клучни зборови

  • Алкалоид
  • бизнис форум
  • Живко Мукаетов
  • Хрватска
Странична рекламаplaceholder
Рекламаplaceholder

Pari.com.mk

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Навигација

  • Почетна

Податоци

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Систем

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

© 2026 Pari.com.mk