Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

„Алкалоид“ одбележа значаен јубилеј: 45 години децата растат со „Бекутан“

14 мај 2023 г.·3 мин читање·3126 прегледи

Следете не на Viber

„Бекутан“ го прослави 45 роденден. Познат бранд со произведени повеќе од 60 милиони сини пакувања, со кои од 1978 па наваму пораснаа генерации деца. Кои се потврда за традицијата и за квалитетот на производителот, скопски „Алкалоид“.

„Денес би сакал да ви се обратам не како човек, кој е менаџер во компанијата, туку како татко на четири деца. Да се биде родител е веројатно една од најодговорните работи кои можат да му се случат на еден човек. Тоа е грижа и посветеност за некој кој живее покрај вас, расте и се развива и треба да порасне во здрава личност.

Од многу непроспиени ноќи, па преку изборот на храната, па се до изборот на козметиката која едно бебе ќе ја добие. Моите родители го користеа ‘Бекутан’, јас и мојата сестра го користиме ‘Бекутан’, јас и мојата сопруга го користиме овој производ.

Уште еден доказ дека тоа е производ на кој може апсолутно да му се верува“, нагласи Живко Мукаетов, менаџер на најголемата македонска фармацевстка компанија.

Со „Бекутан“ растеа и растат генерации кај нас и во регионот и тој е бренд на кој треба да бидеме благодарни и горди. Воедно, брендот континуирано расте, потенцира Мукаетов.

„Бекутан“ е водечки бренд за нега и грижа на малите деца, смета и Силвија Брајовиќ од СОС Детското село.

„Токму таа грижа за децата не спои заедно со СОС Детското село. ‘Бекутан’ најдобро и најквалитетно се грижи за нашите најмили. А СОС Детското село веќе 22 години гради семејства за да може секое дете да расте во грижа, љубов и припадност на одредено семејство.

Од голема важност за нас е потрошувачите на ‘Бекутан’ да имаат свесност за оваа наша поврзаност, која резултира во додадена хуманитарна вредност на брендот. Со оваа кампања, по повод 45 години, и самите потрошувачи се дел од нашата заедничка мисија – Сите деца се наша грижа“, истакна Брајовиќ.

Брендот „Бекутан“ асоцира на традиција, на квалитет, на безбедност, на сигурност, на ефикасност, на иновативност, посочува прим. д-р Марина Поп-Лазарова.

„Грижата за децата е наш заеднички фокус. И тоа грижата која почнува од најраната возраст. Секогаш кога говориме за одредени ситуации кај детето, портфолиото и производите на ‘Бекутан’ апсолутно ефикасно и безбедно ни користат во надминување на разните заеднички проблеми. Заедничка цел ни е здраво дете – среќно дете“, наведе докторката.

Почетоците на „Бекутан“ биле со пет производи за хигиена на детската кожа. Денес веќе се работи за портфолио со повеќе од 30 основни типови производи и со над 50 различни форми на пакувања. Продадени се повеќе од 250 милиони парчиња производи од брендот, но најпродавана е кремата во сино кутиче – „Бекутан“.

 

Клучни зборови

  • Алкалоид
  • Бекутан
  • Живко Мукаетов
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk