Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

„Алкалоид“ одбележа половина век информатичкa технологиja

Илија·6 мар. 2025 г.·3 мин читање

Во февруари 1975 година официјално започнал со работа сегментот за информатичка технологија при „Алкалоид“, чија цел била трансформирање на процесите од аналоген во дигитален формат со употреба на т.н. мини компјутери од марката Burroughs L-3000/4000 Series:

„Тие се мали по своите физички димензии, но релативно големи по обемот на меморијата и можностите за решавање на поставената проблематика, користејќи ги сите предности на технологијата на интегрирани кола“, ќе објасни во написот за весникот на „Алкалоид“ основачот и тогашен директор на т.н. Компјутерски центар на компанијата, Трајче Мукаетов.

Овие мини компјутери, кои тежеле 186, односно 227 килограми, ги чувале податоците на магнетни дискови со 40 патеки и со капацитет од 1280 збора (64 бита од збор). Како периферни единици се користеле читачот и дупчалката на книжната лента (punch card), коjа денес стои меѓу експонатите во Музејот на „Алкалоид“.

Некогашниот Компјутерски центар, како култен институционален облик, претставува крвоток на сите деловни операции на „Алкалоид“ АД Скопје во земјава и надвор. На симболичното одбележување на петдеценискиот јубилеј, сегашните вработени во Центарот за информатичка технологија и телекомуникации „Трајче Мукаетов“ ги поканија пензионираните извршители кои биле дел од овој сегмент од неговото основање, оддавајќи им почит за заложбите.

Во јули 2007 година „Алкалоид“ беше меѓу првите македонски компании кои самостојно го воведоа системот САП/ЕРП. Имплементирани и во фаза на имплементација се најразлични системи и напредни алатки за анализа на податоци, меѓу кои: DMS (Document Management System), BMS (Building Management System), CRM (Customer Relationship Management), CDS (Chromatography Data Systems), LIMS (Laboratory Information Management System), MES (Manufacturing Execution System), DAS (Document Approval System).

Во делот на дигитализацијата во фокусот останува постојаното вложување во технологии кои овозможуваат зголемена ефикасност, побрзо донесување одлуки и поголема прецизност во секој аспект од работењето.
Овој холистички пристап спрема дигитализацијата ја прави компанијата пофлексибилна и поспособна да одговори на динамичните потреби на глобалниот пазар, создавајќи основа за долгорочен раст и за зголемено ниво на конкурентност.

Клучни зборови

  • Алкалоид
  • Трајче Мукаетов
Странична рекламаplaceholder
Рекламаplaceholder

Pari.com.mk

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Навигација

  • Почетна

Податоци

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Систем

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

© 2026 Pari.com.mk