Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Алкалоид на вработените им исплати регрес за годишен одмор

31 мар. 2021 г.·2 мин читање·1031 прегледи

Следете не на Viber

Со одлука на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје, во март 2021 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата во висина од 100 % од просечната исплатена нето-плата од работник во претходните три месеци во Р.С.Македонија. Исплатениот надомест од вработен е во износ од 31.167 денари бруто, односно 28.050 денари нето.

Здравјето на вработените, особено во услови на светска здравствена криза, е врвен приоритет за компанијата. Во таа насока, „Алкалоид“ АД Скопје во 2020 година склучи договор за доброволно приватно здравствено осигурување за своите вработени, чија полиса е со важност и во претстојната 2021 година.

-Групацијата „Алкалоид“ брои 2.420 вработени, од кои 1.860 се во базата во Скопје, а 560 се вработени во подружниците во странство. Политиката за надоместоци на компанијата е дефинирана во Статутот на друштвото и во Колективниот договор на „Алкалоид“ АД. Грижата за вработените, заедницата, за потрошувачите, акционерите и за сите иматели на удели во компанијата е цврсто втемелена во корпоративната политика на „Алкалоид“ АД Скопје, а таквите заложби ќе продолжат и во иднина, се вели во соопштението од фармацевтската комапнија.

Клучни зборови

  • Алкалоид
  • приватно осигурување
  • регрес
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk