Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Алкалоид ќе произведува наместо две -три милијарди капсули и таблети годишно

22 јул. 2021 г.·3 мин читање·2546 прегледи

Следете не на Viber

Да се опстои на домашниот и меѓународните пазари 85 години е навистина успех, а тој успех не би бил можен, доколку Алкалоид не ги следи светските трендови во фармацевтската индустрија и постојано вложува во технолошки развој, во своите вработени и во создавање нови квалитетни производи, со кои го зголемува обемот на производство и приходите, порача вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи при посетата на фабриката.

Тој беше во работната посета на компанијата Алкалоид Скопје, каде оствари средба со генералниот извршен директор и претседател на Управниот одбор, Живко Мукаетов, кој му ги презентираше историјатот и развојните планови на компанијата, а заеднички извршија обиколка на дел од производствените погони.

-Како Влада, сме среќни кога имаме можност да ги поддржиме развојните планови на компаниите, имаме многу механизми со кои тоа го правиме, затоа што знаеме дека тоа ќе донесе бенефит не само за таа конкретна компанија, туку и за нејзините вработени, за нови вработувања, генерално за целата економија. Компанијата Алкалоид има склучено договор со Владата преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите вo 2018 година, со кој превидуваат петгодишен инвестициски циклус и во три години веќе се вложени 23,4 милиони евра, а како поддршка од Владата, за мерките од договорот, во овие три години кумулативно се исплатени 3,58 милиони евра. Секоја компанија која инвестира во развој на производството и на вработените, може да ја искористи поддршката од Владата преку Законот, посочи вицепремиерот Битиќи на средбата со генералниот директор на Алкалоид, Живко Мукаетов и му го честиташе јубилејот – 85 години од постоењето на компанијата.

Нагласи дека успехот на домашните компании, претставува успех за целата држава.

-Компаниите, со нивните производи се репрезенти на државата на меѓународните пазари и колку е поголем асортиманот на производи и нивниот квалитет, толку повеќе Република Северна Македонија станува препознатливо место за добра бизнис клима и конкурентна локација за реализација на нови инвестиции, на домашни и на странски компании, рече Битиќи.

Од Алкалоид информираа дека се посветени кон постојан раст и развој на компанијата, како на домашниот, така и на меѓународните пазари. Посочија дека инвестициите во нови производни линии не застанаа ниту во периодот на пандемијата, вложени се над 11 милиони евра во комплетирање на одделението „Пакување на цврсти форми”, со нови линии на површина од 7.000 квадратни метри, со кое ќе се овозможи зголемување на капацитетите за производство за околу 50 отсто, односно од претходниот капацитет од две милијарди таблети и капсули годишно, на повеќе од три милијарди парчиња цврсти фармацевтски форми.

Во разговорот со вицепремиерот Битиќи, Мукаетов истакна дека компанијата во моментов ги пласира своите производи на над 40 пазари, а во 2020 година е остварена добивка од околу 19 милиони евра, што е за околу 15 отсто повеќе во однос на 2019 година. Воедно, бројот на вработени во 2020 година е зголемен за 210 лица. Алкалоид, како што кажа, продолжи со својот развој и во 2021 година, при што во првата половина од годината веќе се реализирани нови 58 вработувања и во проценти се бележи двоцифрен раст на добивката во однос на првата половина од 2020 година.

Клучни зборови

  • Алкалоид
  • Битиќи
  • лекови
  • посета
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk