Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

„Алкалоид“ две децении дел од најреномираниот глобален фармацевтски собир CPhI

27 окт. 2023 г.·4 мин читање·1137 прегледи

Следете не на Viber

Тимот на „Алкалоид“, кој годинава броеше околу 30 професионалци од различни организациски сектори на компанијата, во текот на трите работни денови оствари повеќе од 400 деловни средби со партнери, добавувачи и со нови потенцијални соработници на компанијата

„Алкалоид“ годинава заокружи дведецениски јубилеј како дел од најреномираниот светски настан во областа на фармацијата CPhl (Convention of Pharmaceutical Ingredients). Под мотото „Во срцето на фармацевтската индустрија“, CPhI се одржа од 24 до 26 октомври во Барселона, Шпанија, a тимот на „Алкалоид“ и оваа година имаше неверојатна можност да се претстави со свој штанд, од каде што недвосмислено беше пренесена најважната порака: Здравјето пред сѐ.

„Вистинско професионално задоволство е на најпрестижниот фармацевтски саем во светот да се види штанд на ’Алкалоид’ со постојано пополнети термини за состаноци и со голем број заинтересирани соработници за соработка со компанијата. Со секое следно учество на CPhl ’Алкалоид’ ги надминува очекувањата во делот на т.н. современо корпоративно претставување. Годинава за првпат имавме можност за организирање мрежен настан надвор од саемските хали. Честа која со своето присуство ни ја укажаа претставниците од врвните фармацевтски глобални играчи е од непроценлива важност за нас“, истакнаа од Одделот  Фармација при „Алкалоид“.

CPhI, како глобален настан за светската фармацевтска елита, годинава во Барселона собра повеќе од 65.000 посетители и преку 1.800 изложувачи. CPhl е најважниот настан во годината од областа на фармацевтската индустрија, кој во текот на своето тридецениско постоење прерасна во заедница која обединува преку 280.000 професионалци кои работат во глобалниот синџир на снабдување во фармацевтската индустрија. Тимот на „Алкалоид“ оствари продуктивни средби и размени драгоцени искуства со голем број на фармацевтски професионалци од целиот свет.

„Вообичаено остваруваме средби со нашите постојни добавувачи на репроматеријали и на активни состојки, со нашите лиценцни партнери, консултанти и со други соработници на ’Алкалоид’, но, исто така, целиме кон нови контакти, со кои градиме вредни деловни релации. Она што јас лично можам да го кажам за CPhI е тоа дека ова е единствениот one-stop-shop во светот на фармацевтската индустрија каде што ќе најдете сѐ што постои во неа. Она што нема да го најдете на CPhI значи дека не постои. За CPhI не се потребни никакви посебни препораки, затоа што сите доаѓаат да дознаат за последните достигнувања во сферата на фармацијата и да направат нови контакти за да го растат својот бизнис“, истакна Милош Радуловиќ, постар директор во сегментот фармација при „Алкалоид“ АД Скопје.

CPhI е извонредна можност за добивање информации за најновите достигнувања од областа на фармацијата, за да се одржи чекор со динамичните трендови во фармацевтската индустрија. Тој има пракса на ротирање, па во последниве години се одржуваше во Брисел, Милано, Мадрид, во Париз, Барселона и во Франкфурт.

Клучни зборови

  • CPhI
  • алкалоид ад скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk