Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

АЛКАЛОИД АД Скопје ќе исплати за 16,67 % поголема дивиденда во однос на минатата година

28 фев. 2025 г.·1 мин читање·3807 прегледи

Следете не на Viber

АЛКАЛОИД АД Скопје објави дека седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на ден 01.04.2025 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото, Бул. Александар Македонски бр. 12, Скопје, Република Северна Македонија.

Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје на седницата одржана на ден 27.02.2025 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2024 година во износ од 630,00 денари бруто односно 567,00 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 540,00 денари бруто односно 486,00 денари нето е поголема за 16,67%.

За исплатата на дивиденда и персонален данок на личен доход компанијата ќе издвои над 900 милиони денари.

Исплатата на дивидендата ќе започне од 14.05.2025 година. Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциски сметки на акционерите.

Клучни зборови

  • алкалоид ад скопје
  • дивиденда
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk